Коментирајќи го однесувањето на градоначалникот на Крива Паланка кој вчера беше објавено дека глумел локален шериф, пратеникот Стојановски го објаснува концептот на функционирање во СДСМ.
Градоначалник влегол во полициска станица да одземе возило предмет на кривично дело
„Такво прикажување на моќ на градоначалник е само продолжение на нивниот нарав. Ова само укажува на тоа што тие луѓе ќе прават сега ако ги запоседнат институциите. Имаше услови во кои министер за социјална политика ги бркаше пензионерите и сега истиот тој министер шета по телевизиите и кажува дека требало да се имплементираат некакви антикризни мерки и дека народот живее лошо…
Таму тие кога ќе седнат на тоа претседателство или состанок, тие не размислуваат колку сме одговорни пред граѓаните и каква мерка ќе преземеме за овој народ да живее подобро туку тие размислуваат што да излажеме денес, колку повеќе да сме неискрени со народот, како денеска овој ден политички да го преживееме, како да пуштиме некој балон во јавноста, како да ги излажеме граѓаните и да ги доведеме во заблуда, за да кога ќе ги запоседнеме институциите да го правиме тоа што го правиме – лиценци за марихуана, отворање на бизниси, притисок кон судство и обвинителство за да можат бизнисите да дојдат во нивни раце, страв, трепет и притискање на политички противник. Тоа е нивната понуда.
Во СДСМ ништо се нема променето, никаква нова политичка парадигма се нема инсталирано во таа партија. Истите луѓе, истите политики, истото потценување, истата лажна самодоверба и истиот криминалитет, рече Стојаноски во гостување на Алфа ТВ.
„-Тие тоа го подаваат на генерациски колена. Ако таткото нè малтретирал 30 години на различни позиции, сега доаѓа синот да биде креатор на различни политики“, вели Стојановски и додава дека дека однесувањето на поединци од СДСМ не е изолиран случај.