Македонија

Савески најави повлекување на сите обвинителски овластувања: „Затекнавме хаос во обвинителството“

Не може шеф на вишо обвинителство да застапува обвинение во друго. Па или шефувај, или оди на судења застапувај. Морам да знам кој што работи и еднаш засекогаш да се стави ред во Обвинителството“, рече Савески

Целосна реорганизација на распределбата на предметите во Јавното обвинителство најави новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, кој откри дека институцијата ја затекнал во состојба на, како што рече, сериозен организациски хаос.

На брифинг со новинарите, Савески соопшти дека ќе ги повлече сите дадени овластувања за постапување по предмети, со исклучок на неколку случаи, со цел воспоставување ред и контрола во работата на обвинителите.

Меѓу предметите кои индиректно ќе бидат засегнати од оваа одлука се и „Талир 1“ и „Талир 2“, за кои досега беше овластена обвинителката Ленче Ристоска. Иако Савески нагласи дека не станува збор за таргетирана мерка, не ја исклучи можноста тие предмети да бидат прераспределени.

„Немам донесено одлука за иземање на Ристоска од конкретни предмети. Сепак, ќе ги повлечам сите овластувања во сите предмети, освен оние за Кочани, Ресен и Крива Паланка“, изјави Савески.

Тој посочи дека во институцијата нема прецизна евиденција за тоа кој обвинител кои предмети ги води, што дополнително ја отежнува работата. Според него, овластувања биле доделувани од различни нивоа на обвинителството, па дури и обвинители од едни судови постапувале по предмети во други обвинителства.

Савески истакна дека донесената одлука е техничка и има за цел воспоставување функционален систем, а не политичко влијание.

 

 

„Ако го почитувате мојот интегритет, моите одлуки не треба да ги нарекувате политички. Никогаш не сум бил член на политичка партија“, порача тој.

Во однос на конкретни обвинители, Савески нагласи дека нема намера да фаворизира никого.

„Мене не ми е важно кој обвинител води одреден предмет, ниту кој е обвинет. За мене сите случаи се еднакви“, рече тој, додавајќи дека нема да постапува под политички притисоци, туку исклучиво согласно закон.

Објаснувајќи зошто одредени предмети нема да бидат опфатени со мерката, Савески посочи дека во обвинителствата во Ресен и Крива Паланка во моментов нема доволно кадар, додека случајот за Кочани е исклучително комплексен и бара континуитет во постапувањето.

Тој информираше дека одлуката веќе е донесена и наскоро ќе биде доставена до сите обвинителства, со што ќе започне процесот на нова распределба на предметите и воспоставување системска контрола во институцијата.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

Индиските медиуми за посетата на претседателката Мурму во Македонија: Се отвора „ново поглавје“ во надворешната политика на Индија кон Балканот

Водечките индиски медиуми ја карактеризираат посетата на индиската претседателка Друпади Мурму на Македонија на 21 јули 2026 година како историска пресвртница во билатералните односи, нагласувајќи го фактот дека ова е прва официјална посета на шеф на индиската држава на Република Македонија од воспоставувањето на меѓусебните дипломатски односи.

To top