Свет

По булевар, Трамп доби и аеродром, Демократите реагираат: „Пак ќе профитира“

САД

Преименувањето на аеродромот „Палм Бич“ во „Меѓународен аеродром претседател Доналд Џ. Трамп“ предизвика загриженост кај Демократите, кои сметаат дека „претседателот на САД и неговото семејство би можеле да остварат голема корист“.

Гувернерот на Флорида, Рон Десантис, го потпиша законот со кој аеродромот ќе го добие новото име, откако Претставничкиот дом и Сенатот го усвоија предлог-законот минатиот месец.

Законот ќе стапи на сила на 1 јули, по одобрување од Федералната администрација за авијација (FAA), а официјалните владини записи и мапи ќе бидат ажурирани со новото име. Аеродромот исто така ќе добие нов код: „DJT“.

Предлог-законот го иницираше пратеничката Мег Вајнбергер, која годинава учествуваше во отворањето на „Булеварот претседател Доналд Џ. Трамп“, делница која го поврзува аеродромот со приватниот клуб на Трамп, Мара-Лаго.

Иако Демократите изразија загриженост дека Трамповото семејство би можело да профитира од промената на името, портпаролот на организацијата на Трамп нагласи дека претседателот и неговото семејство нема да примаат авторски хонорари, надоместоци за лиценцирање или било каква финансиска надокнада.

„Да биде јасно, претседателот и неговото семејство нема да примаат никакви авторски хонорари, надоместоци за лиценцирање или било каква финансиска надокнада од предложеното преименување на аеродромот“, изјави директорката за извршни операции во организацијата на Трамп, Кимберли Бенза.

 

 

Најнови вести од: Свет

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

Европа мора да постави трговска политика со Кина, предупредување од директорот на Институтот за германска економија

Ваквата ситуација се однесува и на трговските ограничувања, критично прашање за извозно ориентираната германска економија. Хитер оцени дека Европа мора да ја води својата трговска политика со поголема самодоверба.

To top