Свет

Рубио: Се наѕира крајот на војната

Разменуваме пораки. Постои можност за директна средба во одреден момент, најави американскиот државен секретар

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека контактите со Иран се во тек и дека крајот на војната се наѕира.

„Разменуваме пораки. Постои можност за директна средба во одреден момент. Секогаш сме отворени за тоа“, рече Рубио во интервју за Фокс њуз.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп нема да дозволи „лажни преговори што служат како тактики за одложување и купување време“.

Трамп: Услов за крај на војната беше Иран да биде вратен во „камено доба“

Иако не сакаше да зборува за конкретен рок, Рубио рече: „Крајот се наѕира“.

Во истото интервју, тој го критикуваше и НАТО, велејќи дека САД би можеле повторно да размислат дали алијансата сè уште ја служи својата цел.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

 

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top