Свет

Трамп бара излез од оваа војна

Мислам дека е невозможно да се прочитаат мислите на Трамп во моментов, вели дописничка на Скај Њуз од Дубаи

И покрај изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека војната би можела да заврши за „две или три недели“, неговите пораки остануваат тешки за толкување, јавува дописничката на Скај њуз од Дубаи, Сали Локвуд.

„Мислам дека е невозможно да се прочитаат мислите на Трамп во моментов“, рече таа, додавајќи дека е сè појасно дека Вашингтон бара излез од конфликтот.

„Мислам дека стана јасно дека тој бара излез од оваа војна. Не е јасно колку САД разговараат со Иран, или дури и дали разговараат директно, но кога ќе ги слушнете пораките што доаѓаат од Вашингтон, се чини дека тие се обидуваат да најдат стратегија за излез“, рече Локвуд.

Таа, исто така, истакна дека обраќањето на Трамп до нацијата подоцна денес ќе биде клучно. „Ќе биде многу интересно да се слушне обраќањето на Трамп до нацијата подоцна денес. Мислам дека би можеле да добиеме подобра слика за тоа како тој планира да излезе од оваа војна“, додаде таа.

Трамп, дури 12 пати досега најавуваше крај на воената операција во Иран, објави Axios

Вонредното обраќање на Трамп за војната во Иран, за потсетување, е најавено за 3 часот наутро по средноевропско време.

Трамп: Услов за крај на војната беше Иран да биде вратен во „камено доба“

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top