Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нека не глуми жртва Ристоска, играчот и пиун на СДС, која беспоговорно реализираше агенди на Заев и други чинители!

„Ѝ порачуваме на Ленче Ристоска десната рака на Катица Јанева за која многумина веројатно оправдано сметаат дека беспоговорно реализираше агенди на Заев и други фактори, да не глуми жртва. Додека со Јанева делеа и множеа, и палеа и гасеа, и додека одеа по облаци, каде едната од нив во раката имаше ташна од Луј Витон, и откако после повеќе од 10 години таа не заврши ниеден од споменатите случаи, кокетирајќи со кого ќе и дојде на ум, праќајќи абери и до ВМРО-ДПМНЕ, сега сфаќа дека правда во оваа држава ќе има, и мора да има, без разлика дали на Заев му се допаѓа тоа или не. И без разлика на нејзината лојалност кон било кого.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон сега веќе поранешната обвинителска Ленче Ристоска, која поднесе оставка на оваа функција.

Натаму владејачката македонска партија истакнува во своето соопштение: Не навлегувајќи во нејзината реакција и процедурите во обвинителството кои се нивна работа и одлука, сепак не можеме да споменеме една дилема која ни се јавува додека ја гледаме како мисли дека народот заборавил на Катица Јанева и трите грации, од кои очекуваа правда и наместо правда добија Луј Витон афера, но ако беше Ленче Ристоска обвинител со вредности и критериуми и личност, која не е врзана со СДС и Заев ќе имаше бар еден случај со кој ќе го докажеше тоа. Ќе имаше бар еден случај, со кој ќе докажеше дека сака правда или ако ништо друго ќе се обидеше да провери барем една од стотиците наши укажувања за сторен криминал на претходната влада на СДС и ДУИ.

Наместо да ги амнестира, оние кои ја направија обвинител во СЈО, СДС и ДУИ, и да глуми жртва апелираме до неа да сфати дека моралот не е само збор туку е во својата суштина однесување и делување. Дела, а не зборови. Нејзините зборови ќе имаа поголема смисла ако зад нив имаше дела.

Иако според она што е образложено предметите Талир се предадени на обвинител кој е од обвинителство кое има стварна надлежност над нив, наместо да се заради било каква, а веројатно и партиска подобност држени надвор од секоја логика кај Ристоска како што обвинителството под контрола на СДС и ДУИ ги држеа кај нејзе со години, за да го држи уценето ВМРО-ДПМНЕ со ненормално долги постапки. На пример постапките за Талир траат 10 години и ако правдата функционираше досега ќе имаа епилог, било каков. Ние не навлегуваме во епилогот туку дека требаше да го има. Ако има вина пресуда, ако нема ослободување. Но не. Нема епилог, туку се добива впечаток дека Ристоска ги држеше кај себе за да ВМРО-ДПМНЕ биде уценето.

ВМРО-ДПМНЕ исто како и целиот народ очекува правда, владеење на правото и бескомпромисна борба против корупцијата без разлика на функција, партиска, етничка или било каква друга припадност. Кој згрешил, кој прекрши закон мора да одговара. Затоа овие обиди на Ристоска да глуми жртва ги сметаме за нејзиното дополнително одработување против правдата во Македонија и во заштита и обид за дефокусирање на темата од криминалите на СДС и ДУИ и обид да се продолжи перцепциската пресметка против ВМРО-ДПМНЕ и да се продолжи со праксата за перцепциска вина на партијата, кои СДС и ДУИ го правеа со години, за да ги кријат своите криминали и за да ги прават предавствата на народот и државата. Ова фрлање пердуви, иако и самата знае дека не е аргументирано и не е правно и праведно, е само уште еден доказ за нејзините намери и цели.

Заврши времето на политички агенди и инструментализација на правдата. Да беше Ристоска со вредности како што кажува, ќе си одеше од СЈО кога се делеа награди, кога лапаа награди, покачувања, дополнителни плати кои ги делеа сите таму и кога шетаа Луј Витон торбици. Таа не само што остана таму туку продолжи да биде десна рака на Катица Јанева. За сега да глуми жртва и борец за вредности. Народот памети се. И среќа нема кратка меморија како што Ристоска, исто како и Заев сметаат. Не сакаме да навлегуваме во детали за нејзините обиди за лобирање кај ВМРО-ДПМНЕ, и неуспешната амбиција да оди во странство, кое ако успееше сигурно Ристоска емаше вака да реагира и ќе и беше сеедно дали Талир или било кој предмет е кај нејзе или не е.

Ја познаваме добро Ристоска, а некои од нашите членови и предобро, и оваа глума не проаѓа. А не проаѓа ни кај народот кој сака правда кој е свесен за улогата на СЈО и изневерените очекувања, и за предавствата и криминалите кои се случуваа со години во државата, додека Ристоска беше обвинител, не ги забележуваше, и со прст не мрдна да ги спречи и да ги казни. – наведува ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

Азески во Битола: Фокус на инфраструктурата како клуч за развој на регионот

Битолскиот регион има околу 5.000 правни субјекти и учествува со 9 до 10 проценти во бруто домашниот производ на државата, што ја потврдува неговата значајна улога во националната економија.

Храната глобално поскапува поради конфликтот на Блискиот Исток

Глобалните цени на храната забележаа раст во март, поттикнати главно од поскапувањето на енергенсите, кое е резултат на ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, соопшти Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации.

Во притвор оди битолчанецот (31), уапсен оти од април 2024 до април 2026 набавувал и поседувал материјали со детска порнографија!

Основниот суд Битола го прифати предлогот за притвор за осомничениот битолчанец вработен во образовна установа осомничен за детска порнографија во случајот кој е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, соопштуваат од Јавното обвинителство на Република Македонија. Случајот е дел од меѓународна истрага за онлајн-злоупотреба на деца, што произлегол од акција предводена од Австралиската федерална полиција.

Повторно во функција обвинителот Цветаноски, суспендиран поради милионските бонуси во СЈО: Новата комисија многу посериозно да ги земе предвид моите наводи!

Јавниот обвинител Јован Цветановски повторно ја извршува својата функција во Вишото јавно обвинителство Скопје, откако Советот на јавни обвинители едногласно ја укина неговата суспензија поради утврдени пропусти во постапувањето на дисциплинска комисија. Истовремено, Советот одлучи дисциплинскиот предмет против него да се врати на повторно разгледување. Јован Цветановски беше ангажиран на предметот за бонусите исплатени во поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО). Цветановски беше суспендиран и тврдеше дека суспензијата е резултат на притисоци и обид за дискредитација, бидејќи одбил да донесе „незаконска одлука“ за бонусите. Тој изјави дека врз него се вршени притисоци од други обвинители и дека суспензијата е дел од политички мотивирана хајка.

Нов повик за инвертер-климатски уреди: првпат целосно електронско пријавување со забрзана и поедноставена постапка!

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објавува јавен повик за доделување потврда – ваучер за купување и вградување на инвертер клима уреди, наменет за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2026 година. Рокот за поднесување на барања изнесува 30 дена од денот на објавување на јавниот повик.

To top