Спорт

Почина кошаркарската тренерска легенда Душко Вујошевиќ

Вујошевиќ имаше 67 години, а со години имаше здравствени проблеми предизвикани од дијабетес, па во 2025 година му беше трансплантиран бубрег во Белорусија

Вујошевиќ имаше 67 години, а со години имаше здравствени проблеми предизвикани од дијабетес, па во 2025 година му беше трансплантиран бубрег во Белорусија.

Во март оваа година, тој беше примен во болница откако неговото здравје сериозно се влоши поради проблеми со срцето и белите дробови.

Тој беше шампион на Југославија, Србија, АБА лигата и победник на Купот на ФИБА Радивој Кораќ, а во 2010 година играше во Ф4 Евролигата со Партизан.

Душко Вујошевиќ, беше и ќе остане еден од симболите на КК Партизан, со кого доминираше во регионот во првата деценија од 21 век. Тој го водеше црно-белиот тим од 2001 до 2010 година, а потоа од 2012 до 2015 година.

Неговиот последен тренерски ангажман беше во 2021 година во Клуж, Романија

Најнови вести од: Спорт

Најнови вести

To top