Авионските билети поскапуваат од 30 до 90 евра, поради зголемувањето на цената на горивото, односно керозинот. Како што соопшти Европската федерација за транспорт. Најголемо поскапување авиокомпаниите најавуваат на летовите кон далечни дестинации. Лет од Барселона до Берлин би поскапел за 26 евра по патник, додека патувањето на долги релации од Париз до Њујорк би чинело 129 евра повеќе. Сепак, поскапувањето нема да ги погоди патниците кои веќе имаат купено билети. Има и такви компании кои привремено суспендираа летови кон повеќе дестинации, следејќи го трендот на другите европски превозници кои се обидуваат да ги намалат ризиците и трошоците.

Од Агенцијата за цивилно воздухопловство велат дека барем за сега немаат нема добиено никакво барање за откажување на летови, како резултат на недостиг на гориво.
- „Бидејќи нема откажани летови поради недостиг на гориво, до АЦВ, нема стигнато никакви барања од патници за заштита на нивните права. Инаку, постапката е дека патникот треба да се обрати прво до авиокомпанијата за поврат на финансиски средства и доколку таа не одговори во рок од 60 дена, патникот се обраќа до АЦВ. Сакаме да им укажеме на патниците дека, за нивните патнички права можат дополнително да се информираат на официјалната веб страна caa.gov.mk.“
И туристичките агенции реагираат дека неизвесноста постои. Велат, граѓаните се плашат да патуваат подалеку, оти состојбата се менува од ден во ден. Се надеваат на стабилизација на кризата.

Европската унија најави дека во среда ќе одговори со упатства за управување со ограниченото снабдување со гориво за авиони. Дел од големите авиокомпании, изјавија дека веројатно ќе ги префрлат повисоките трошоци за гориво на потрошувачите, ако Ормускиот теснец остане затворен подолг период.
Раководителите на авиокомпании, вклучувајќи ги „Луфтханза“, „Рајанер“ и „Ер Франс-КЛМ“, во март изјавија дека веројатно ќе ги префрлат повисоките трошоци за гориво на потрошувачите доколку Ормускиот теснец остане затворен подолг период.
„Т&Е“ соопшти дека нивните пресметки покажале дека дополнителните трошоци од зголемувањето на цената на горивото далеку ги надминуваат трошоците со кои се соочуваат авиокомпаниите од почитувањето на политиките на ЕУ за климатските промени.
- „Кризата на Блискиот Исток докажува дека нашата вистинска ранливост е резервоар полн со странска нафта, а не законите дизајнирани да ја решат“, изјави Дајан Витри, директорка за воздухопловство на „Т&Е“.
Европската унија најави дека во среда ќе одговори со упатства за управување со ограниченото снабдување со гориво за авиони.