Регион

Тешка сообраќајка во Бугарија: Повеќе повредени, двајца загинати

Најмалку две лица загинаа, а неколку патници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во југоисточна Бугарија, во близина на граничниот премин Мало Трново.

Најмалку две лица загинаа, а неколку патници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утрово во југоисточна Бугарија, во близина на граничниот премин Мало Трново.

Шест тешко повредени лица се однесени во болниците во Бургас, додека уште десет лица се згрижени во Итната медицинска помош во Малко Трново.
Сите повредени се извлечени од возилото.

Во автобусот имало вкупно 39 украински државјани — 37 патници и двајца возачи, соопшти Регионалната дирекција на Министерството за внатрешни работи во Бургас.

Според локалните власти, автобусот застанал на средина од патот бидејќи му снемало гориво. Според градоначалникот на Мало Трново, возилото потоа почнало да се движи наназад и да се превртува, што довело до трагедијата.

 

Полицијата и брзата помош брзо интервенирале на местото на настанот, а повредените биле однесени во болница во Бургас. Некои од патниците биле привремено згрижени во локален центар за дневна грижа.

Надлежните органи во моментов спроведуваат истрага за да ги утврдат сите околности што довеле до несреќата.

 

Најнови вести од: Регион

Политико: Европската Унија планира постепена интеграција на идните членки преку економски бенефиции

Европската комисија работи на план што би им овозможил на земјите-кандидатки за членство во ЕУ пристап до одредени економски придобивки и пред формалниот влез во Унијата, изјавија неколку официјални претставници, објави денеска бриселскиот Политико.

И македонски државјанин дел од разбиен кокаински клан во Албанија

Во акцијата, издадени се налози за апсење на 10 лица, меѓу кои е и Сокол Бибај (43), еден од клучните членови на криминалната структура. Бибај се споменува и во аферата „Двојник“, кога македонските власти издавале македонски пасоши на познати криминалци од регионот и пошироко

И македонски полицајци ќе обезбедуваат мирна туристичка сезона во Албанија

Албанската државна полиција ќе ангажира 1.600 дополнителни полицајци, вклучувајќи и колеги од Македонија, од Црна Гора, од Косово и од Италија, за да се зголеми безбедноста за време на летната туристичка сезона, објави „Коха јоне“

To top