Македонија

Мицкоски: Европа нема да биде силна, ако нејзините делови останат слаби! – Градиме држава што нуди сигурност, а не неизвесност

„Има моменти кога Европа мора да избере: дали ќе реагира или ќе води. Денес сме токму во таков момент. Живееме во време на преиспитување. Време кога сигурноста не се подразбира, кога енергијата станува политика, заедно со економијата се прашање на опстанок. Во такви околности, зборовите имаат помала тежина од одлуките, а декларациите вредат онолку колку што сме подготвени да ги спроведеме. Ние сме подготвени сме да работиме. Подготвени сме да донесуваме одлуки. Подготвени сме да остваруваме резултати. И затоа веруваме дека со партнерство што се темели на доверба и конкретни проекти, ќе изградиме нешто што ќе трае подолго од еден мандат, подолго од една криза, подолго од една генерација. А Европа не смее да биде само идеја. Европа мора да биде резултат.“ – истакна премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски на прес-конференција во Виена.

 – Затоа, разговорот за економијата, трговијата и инвестициите е техничка тема, но и длабок разговор за тоа каква Европа сакаме да изградиме. Дали ќе биде континент што се прилагодува на кризите или континент што го обликува светот и правилата во светот. Нашата определба е јасна. Да градиме економија што создава, а не само троши. Да градиме држава што нуди сигурност, а не неизвесност. Да градиме систем во кој работата се исплати, а довербата има вредност. Ова не се секојдневни слогани. Ова е јасна насока. Инвестициите ги гледаме како двигател на промените. Промените што носат нова индустрија. Ново знаење. Нов квалитет. Нов стандард. Ние не бараме само странски инвеститори. Бараме партнерство. Бараме доверба. Бараме заедничка визија за тоа каде сакаме да бидеме за десет години, истакна Мицкоски.

Тој порача дека Австрија е еден од ретките партнери со кои таа визија може да се претвори во реалност. -Не единствено поради економското присуство, туку и поради конзистентноста, сериозноста и разбирањето на регионот. Но, дозволете да бидам јасен. Не сакаме само да ја одржуваме соработката. Сакаме да ја подигнеме на повисоко ниво. Новото време бара нова динамика. Повеќе инвестиции во производство. Повеќе вложувања во енергетика. Повеќе партнерства во дигиталната трансформација. Повеќе инфраструктура што поврзува, наместо што раздвојува. Енергетската транзиција е тест за сите нас. Тест на капацитет. Тест на визија. Тест на лидерство. За нас, таа е шанса. Шанса да создадеме економија што ќе биде посилна од кризите и подготвена за иднината. Но таа шанса може да се реализира само со партнери што размислуваат долгорочно. Затоа ни треба Европа што не чека, туку дејствува. Европа што не се двоуми, туку одлучува. Европа што не се плаши од конкуренција, туку ја создава, истакна Мицкоски.

Македонскиот премиер порача дека Европа нема да биде силна ако нејзините делови останат слаби. -Европа нема да биде стабилна ако нејзините периферии останат несигурни. Европа нема да биде конкурентна ако нејзините економии не растат заедно. Затоа ова е прашање на билатерална соработка. Но, ова е прашање и на заедничката одговорност. Ние сме подготвени да ја преземеме таа одговорност. Подготвени сме да работиме. Подготвени сме да носиме одлуки. Подготвени сме да испорачаме резултати. И затоа веруваме дека со партнерство што се темели на доверба и конкретни проекти, ќе изградиме нешто што ќе трае подолго од еден мандат, подолго од една криза, подолго од една генерација. Европа не смее да биде само идеја. Европа мора да биде резултат, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top