Бизнис

Денарот полни 34 години: Од Велигден 1992 до денес – приказна за стабилност

Денес, Народната банка на Република Македонија продолжува да ја чува вредноста на националната валута преку внимателна монетарна политика, финансиска дисциплина и прилагодување кон современите глобални трендови.

На денешен ден, 26 април, се навршуваат 34 години од воведувањето на македонскиот денар, кој ја означи монетарната независност на Република Македонија.

На 26 април 1992 година (Велигден), Собранието донесе пакет закони со кои се воспостави институционалната рамка на монетарниот систем и се воведе националната валута – денарот. Првиот премиер, Никола Кљусев, од собраниската говорница ги претстави првите македонски пари со зборовите дека Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името „денар“.

Иницијално беа воведени вредносни бонови (привремен денар) што го заменија југословенскиот динар во однос 1:1. Замената започна на 27 април 1992 година. Во мај 1993 година беше спроведена реформа и воведен новиот денар (1 нов = 100 стари), со што започна редовната употреба на банкноти и монети.

Денарот низ изминатите 34 години покажа значителна стабилност и отпорност на транзициските предизвици, регионалните конфликти и глобалните економски кризи. Тој остана доверлив инструмент за граѓаните и економијата, со релативно стабилен курс и контролирана инфлација, придонесувајќи за макроекономска рамнотежа.

Денес, Народната банка на Република Македонија продолжува да ја чува вредноста на националната валута преку внимателна монетарна политика, финансиска дисциплина и прилагодување кон современите глобални трендови.

34 години денар не е само јубилеј – тоа е потсетник за економската еманципација и суверенитетот на нашата држава.

Најнови вести од: Бизнис

Македонија добива оператор за пазарот на гас – Владата отвори пат кон поконкурентен пазар

Владата донесе одлука да се забрза формирањето на оператор за пазарот на природен гас, а работата ќе ја преземе МЕМО ДООЕЛ Скопје, кој треба да ја започне целата постапка и да подготви план за тоа како практично ќе функционира новиот пазарен оператор.

Бизнисот постојано бара работници, додека 88.500 граѓани „молат Бога да не најдат“

Анкетата на АВРМ открива јаз меѓу потребите на компаниите за среден стручен кадар и образовниот профил на активните баратели. Од Владата велат дека невработеноста паѓа, но и граѓаните да се поажурни ако сакаат добри примања.

(Видео): Јасно е каде оди светот, ќе продолжиме да ја водиме државата кон просперитет, рече премиерот за дата-центрите

Прашањето за изградба на дата центри во Македонија ја отвори дилемата – дали станува збор за развојна шанса или за ризик за ресурсите? Власта вели дека тоа е иднината на светот.

To top