Македонија

Петрушевски: Филипче и СДС за власт се подготвени да ги продадат македонскиот јазик, култура и идентитет!

Филипче и СДС за власт се подготвени да ги продадат македонскиот јазик, култура и идентитет. Лековерноста и лојалноста на Филипче и СДС кон бугарските политичари од ден на ден се зголемува, што директно им наштетува на македонските позиции и црвени линии, посочи пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.

-Филипче и СДС немаат проблем со тоа македонскиот јазик да е бугарски дијалект, Македонија да е дел од бугарската држава, Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански да се пишат дека се Бугари, само да дојдат на власт и да крадат. Филипче и СДС немаат проблем да бидат на услуга на бугарските власти и да ја шират нивната политика и да не убедуваат дека Уставните измени се единствениот чекор што Македонија треба да го направи за да влезе во ЕУ. СДС 35 години лаже континуирано, дека прво беше знамето па влегуваме во ЕУ, па името да го промениме па влегуваме во ЕУ, па потоа беше Уставот, па потоа банкнотите, па потоа пак името, и сега пак лаже и вели дека уште само уставните измени и влегуваме во ЕУ, нагласи Бране Петрушевски.

Тој порача дека, како што рече,  граѓаните веќе доста беа лажени од структурите на СДС.

-35 години СДС лаже, а ВМРО-ДПМНЕ денес стави крај на лагите на СДС, и води државна достоинствена политика, базирана на дела, резултати и реформи, посочи тој.

Најнови вести од: Македонија

Директорот на БЈБ Александар Јанев во Битола оддаде почит на загинатите припадници на полицијата

Станува збор за храбри луѓе кои, носејќи ја униформата и извршувајќи ја својата должност чесно, одговорно и без двоумење, ги положија своите животи во служба на државата и безбедноста на граѓаните

(Фото): Ова е златната виза на Филипче за Дубаи, требало да е директор на фирма за инвестиции

Пред точно една година кога првично беше објавено дека Филипче и неговиот близок пријател Зоран Заев поседуваат златни визи за Дубаи, лидерот на СДСМ првично демантираше дека воопшто ја има, за само две недели подоцна да каже дека сепак имал таква виза, но не ја добил зошто бил полн со пари, туку бил во преговори да работи во болница таму и врз основа на тоа му дале виза.

To top