Македонија

Тошковски: Ќе се уриваат небезбедните дивоградби

„Ако се утвтрди дека се работи за дивоградба и тоа претставува проблем за безбедноста на граѓаните, секако дека треба да биде предмет на уривање“, рече министерот

 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потврди дека една од општините во која вчера е влезено од страна на Одделот за организиран криминал е Општината Чаир.

Рече дека полициските службеници влегле и во Сарај и Аеродром, а ќе се прегледува работата и во Општина Кисела Вода.

„Сакам да напоменам дека ова се секојдневни активности на МВР. Не е дека јавноста има интерес и се постапува. Ова се тековни активности по кои се постапува секојдневно“, рече Тошковски одговарајќи на новинарско прашање за дивоградбите.

Прашан од новинарите што е следно, дали дивоградбите ќе се рушат, Тошковски изјави дека мора да се постапи во согласност со законот.

„Ако се утвтрди дека се работи за дивоградба и тоа претставува проблем за безбедноста на граѓаните, секако дека треба да биде предмет на уривање“, рече министерот.

Најнови вести од: Македонија

Илија Андовски привремен администратор на „Алта банка“ АД Битола

Тројца вработени во Народната банка – Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, се именувани за администратори во „Алта банка“ АД Битола, со што управувањето со банката преминува во рацете на централната банка. Андовски е посебно овластен да ги потпишува одлуките што ќе се носат во периодот на привремената администрација.

Средба на Сиљановска-Давкова со Копман од ЕК: Потребно е забрзување на евроинтеграцијата во услови на блокади

Претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на работната посета на Брисел денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST) на Европската комисија.

To top