Македонија

Граѓаните го поддржуваат предлог законот за домашните миленици

ВИДЕО: Конечно ќе се реши проблемот со кучињата скитници, сметаат граѓаните

Граѓаните се согласни дека доколку предлог законот за заштита и благосостојба на миленици се донесе и се имплементира доследно и со засилен надзор, постои голема веројатност конечно да се стави крај на долгогодишниот проблем со кучињата скитници во Македонија. По најавите на Агенцијата за храна и ветеринарство, граѓаните сметаат дека ваквите мерки се неопходни уште одамна. Според најавите, предлог законот предвидува ригорозни мерки за несовесните сопственици, како и високи парични казни и до 5000 евра. Граѓаните велат дека токму неодговорното чување миленичиња е еден од главните причини за зголемениот број бездомни кучиња.

Задолжителна стерилизација – законски измени за домашните миленици со забрана за размножување

„Сметам дека е во ред бидејќи има многу бездомни кучиња, може да ги најдеш по контењери. Неконтролирано се пуштаат, веќе кога прифаќаш одредена одговорност, а кога ќе се премислиш треба да има и казни.“– велат граѓаните.

Инаку предлог законот е резултат на соработка меѓу институциите и здруженијата за заштита на животните. За сега само е формирана работна група во која учествуваат ЗЕЛС, Ветеринарната комора, Факултетот за ветеринарна медицина, Министерството за живтона средина, Министерството за локална самоуправа како и граѓански организации како „Анима Мунди“.

„Ако се почитува сигурно ќе се реши проблемот, се надевам и дека ќе се разбуди хуманоста кај граѓаните.“– велат граѓаните.

Според дел од одредбите, ако кучето се чува во несоодветни услови или се шета без почитување на правилата, казната може да изнесува околу 400 евра. Во случај на малтретирање, нанесување болка или повреди, како и сурово постапување со животно, казната може да достигне и до 5.000 евра.

Се воведуваат и нови обврски за сопствениците на миленичиња како задолжителна стерилизација, пријавување на легла, забрана за постојано држење на ланец и контрола врз одгледувачници и продажба на миленици. Дополнително, наместо враќање на улица, се предвидуваат центри за трајно згрижување и вдомување.

Од АХВ најавуваат дека предлог законот ќе биде презентиран во осум плански региони со цел јавноста да се запознае и да се вклучи во процесот на доработката и корекцијата на законот.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

To top