Македонија

Изет Меџити: 2027 е година за реализација на проекти, не за избори

Вреди се обидинува во една партија – Меџити најавува нова политичка сила

Лидерите на партиите во составот на Вреди, утре ќе го стават потписот за формирање на единствен политички субјект. Не сите веруваа дека ВРЕДИ ќе стигне до тука – до големо обедиванување – бидејќи имаше многумина кои очекуваа поделби, замор и неуспех, но и такви што отворено работеа процесот да не успее“, наведуваат од коалицијата. За еден од лидерите, Изет Меџити со ова партијата ќе се факторизира и по формирањето ќе ги отвори вратите за нови членови.

„ВЛЕН со ова се факторизира, станува поголема, ќе има поголема апсорциона моќ поготово кај независното членство и кај незадоволните од албанската опозиција. И тоа ќе се види веднаш по формирањето. Ако мислите на реконструкција на Владата, тоа е друга тема. Штом ќе го завршиме ова, со премиерот сме начелно договорени за реконструкција на Владата, но само начелно. Не сме ги преговарале ниту принципите, ниту дали ќе има замена на ресорите..“ рече Изет Меџити – Градоначалник на Чаир, ВРЕДИ.

Меџити потврди дека министерот Фатмир Лимани нема да биде дел од новата партија, а се поизвесно е дека тој нема да биде дел ниту во владата по нејзината реконструкција. Јасно е дека вицепремиерот Арбен Фетаи исто така отпаѓа од игра откако Азир Алиу добил поголема поддршка во Алијанса за Албанците.

Следната година е одлична можност, Владата и општините ќе може да се посветат на реализирање на проектите, вели Меџити, според кој нема ниту една причина поради која би се одржале предвремени парламентарни избори.

„Ова е единствена година во која нема ниту парламентарни, ниту претседателски, ниту локални избори, е добра можност Владата и општините да се посветат на реализација на програмата, идеи, ветувањата кои што одат повеќе во интерес на граѓаните, на бизнисот и економскиот развор. Имајќи предвид дека има огромно мнозинство во Собранието, скоро 2/3, не гледам ниту еден фактор кој оди во прилог на предвремени парламентарни избори. Постојано се соочуваме со барања од албанската опозиција за предвремени избори, но не дека ги посакуваат, бидејќи имаше локални избори и видовме кој беше резултатот. Од 13 општини паднаа на 3, и тоа не урбани туку периферни општини. Така да и анкетите тоа го покажуваат. Тоа им е механизам, како да го задржат членството да не им побегне целото членство во ВЛЕН“ рече Изет Меџити – Градоначалник на Чаир, ВРЕДИ.

Се очекува, утре 850 делегати на ВРЕДИ да ги поддржат предлозите Изет Меџити и Билал Касами  да бидат копретседатели, а Беким Сали генерален секретар. Во најтесното раководство се очекува да бидат пратениците Мимоза Муса и Беким Ќоку. Висока партиска позиција веројатно ќе добие и Зеќирија Ибрахими кој го наследи собранискиот спикер Африм Гаши во Алтернатива.

Најнови вести од: Македонија

Привремено се затвораат подрачните училишта во Габрово, Ѕвегор, Стамер и Вирче во делчевскиот крај, поради недостиг на ученици

Четирите подрачни училишта во општина Делчево привремено ќе престанат со работа, поради големото намалување на бројот на ученици и високите трошоци за нивно одржување. Одлуката беше изгласана на седница на Советот на Општина Делчево, по спроведената постапка за оптимизација на училишната мрежа.

Барањата на земјоделците се легитимни, премиерот рече дека Владата ќе направи се да им помогне

Премиерот оцени дека барањата на земјоделците струмичко кои најавија протести се легитимни и владата преку механизмите кои ѝ стојат на располагање ќе направи се што е во нејзина можност за да им помогне.

Водата во четири тетовски села е забранета за пиење!

„Се информираат сите жители на селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица од гробиштата во Мала Речица до Голема Речица дека, по извршените анализи за квалитетот на водата, е утврдено оти водата не ги исполнува условите за употреба како вода за пиење. Поради тоа, се забранува користење на водата за пиење сè до следното известување од надлежните институции”, соопшти тетовското јавно комунално претпријатие (ЈКП) „Шар“.

Шахистките на ШК „Алкалоид“ ја одбранија шампионската титула на Екипното државно првенство

Продолжија возбудувањата на екипните првенства на Македонија во шах во машка (10 екипи) и женска конкуренција (седум екипи) во Струга. Во дербито кај шахистките, бранителот на титулата Алкалоид го победи МШК Центар со 2,5-1,5 поени, а кај шахистите водечките екипи, актуелниот шампион Алкалоид и Гамбит Ассеко СЕЕ го задржаа водството со по максимални пет победи.

Се бара истрага за работата на спортските канали Арена во Македонија

Националните радиодифузери членки на Македонската медиумска асоцијација (ММА) и јавниот сервис МРТ се сериозно вознемирени од индициите дека со работењето на неколку нови телевизиски сервиси кои се креирани од српски компании блиски до државата, се заобиколуваат и злоупотребуваат македонските закони, се наведува во реакцијата на ММА и МРТ, а во врска со работењето на спортските канали Арена M1, M2 и M3 премиум.

Мицкоски: Засега нема нови критериуми за пристапување во ЕУ, изјавата на Кос не се однесуваше на Македонија

„Изјавата на еврокомесарката Марта Кос е дадена во поинаква конотација и таа не се однесува на Македонија како држава. Ние имаме целосно усогласена безбедносна и надворешна политика со Европската Унија. Работиме на реформската агенда и ќе направиме се да бидеме најдобри на тој план како и досега.“ – нагласува премиерот Христијан Мицкоски.

Возобновената црква „Св. Недела“ во Скребатно, Охридско – исполнетиот сон на Божа Шикалоска (Видео)

„Света Недела“ е понова селска црква лоцирана во непосредна близина на живописното охридско село Скребатно. Се наоѓа на самиот пат до Скребатно, на околу еден километар под селото. Камен-темелникот на црквата бил осветен и поставен на 20 јули 2004 година, објави „Охридпрес“.

To top