Македонија

Денес започнува Виноскоп 15 во Скопје

Пет дена вино, музика и пролетна фестивалска енергија во Градски парк

Денес на Школка во Градски парк започнува јубилејното 15-то издание на Виноскоп-фестивал кој низ годините прерасна во препознатлив градски симбол на добро вино, квалитетна музика и урбано дружење под отворено небо.

Од денес па сè до 17 мај, Виноскоп ја отвора својата петдневна пролетна приказна – со вино, музика, гастрономски содржини и атмосфера создадена за сите генерации. Јубилејното издание носи внимателно креиран музички концепт, богата винска понуда, гастрономски содржини и атмосфера која секој ден ќе има свој посебен ритам. Виноскоп одамна не е само фестивал на виното – тој е место на средби, наздравувања, спомени и градска енергија што го собира Скопје на едно место.

Фестивалската програма започнува вечерва со настапите на Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд. Во четврток, 14 мај, публиката ќе ја забавуваат DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле, додека петок, 15 мај, е резервиран за DJ Карлито, Здравев Music, Огнен и Пауза за ракија.

Саботата носи целодневна фестивалска динамика – програмата започнува од 12:00 часот со DJ Resident, продолжува со Hat and Harmony, DJ Bella и Мијата, а вечерта ќе ја заокружат Оркестар Дива, Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд.

Последниот фестивалски ден, недела, 17 мај, е замислен како опуштено дневно дружење од 12:00 до 18:00 часот, со DJ Oky Doky, DJ Chvare и DJ Strajk. Со своето 15-то издание, Виноскоп ја слави приказната што ја гради повеќе од една деценија – приказна за виното како култура, музиката како заеднички јазик и градот како сцена на убави средби.

Од денес до 17 мај, Градски парк ќе биде адресата на добриот вкус, добрата музика и најубавото пролетно наздравување во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top