Хроника

Убиецот на жената во Битола ѝ нанел повеќе убодни рани додека спиела

Побаран притвор за 33-годишникот осомничен за убиство при вршење семејно насилство врз две години помладата експартнерка

Основното јавно обвинителство Битола излезе со нови моменти од убиството на 31-годишната жена во битолската населба Баир од нејзиниот две години постар поранешен вонбрачен партнер, со кого имале четири малолетни деца.

„Откако се уверил дека нејзиниот татко не е во домот, влегол во куќата во која жртвата престојувала, додека таа спиела, и со нож и нанел повеќе убоди во телото, од кои починала на лице место“, соопшти ОЈО Битола.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство. За него постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство при вршење семејно насилство.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top