Поради најавените врнежи и од безбедносни причини, дневната програма на Виноскоп за денес се откажува и се преместува за утре. Утрешната програма на Школка во Градски парк започнува од 12:00 часот и ќе трае до 00:00 часот.
Од 12:00 до 18:00 часот, публиката ќе има можност да ужива во дневната програма со DJ Oky Doky, DJ Chvare и DJ Strajk. По 18:00 часот, програмата продолжува со настапите на DJ Resident, Hat and Harmony, DJ Bella, Мијата, Оркестар Дива, Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд.

Ве очекуваме утре на Школка во Градски парк да го продолжиме јубилејното 15-то издание на Виноскоп, со вино, музика и фестивалска атмосфера под отворено небо.
Веднаш по завршувањето на дневниот блок, забавата продолжува во вечерна атмосфера со разновиден музички концепт, каде акцентот ќе биде ставен на домашни изведувачи и бендови кои дополнително ќе ја загреат атмосферата под отворено небо.
- „По 18:00 часот, програмата продолжува со настапите на DJ Resident, Hat and Harmony, DJ Bella, Мијата, Оркестар Дива, Ивана Карајан, Филип Карајановски и Пасио бенд. Организаторите најавуваат дека јубилејното 15-то издание на „Виноскоп“ ќе продолжи со вино, музика и фестивалска атмосфера под отворено небо.“