Регион

(Видео): Бугарија победи на Евровизија 2026-та, в година Софија домаќин на спектаклот

Бугарија, која се врати по три години пауза, беше далеку од фаворит пред почетокот на раскошното европско музичко натпреварување, но сложената кореографија и заразниот рефрен на „Бангаранга“ ѝ ја донесоа првата победа на крајот. Најдобриот резултат на Бугарија досега беше второто место во 2017.

Бугарија е изненадувачкиот победник на 70. издание на Евровизија, што се одржа во Виена и следната година ќе биде домаќин. Победничката песна „Бангаранга“ на 27-годишната Дара освои големи 516 поени, откако беше прва по двете гласања, и на жирито и на публиката. На второто место заврши Израел со 343 поени, а трета беше Романија со 296.

Бугарија, која се врати по три години пауза, беше далеку од фаворит пред почетокот на раскошното европско музичко натпреварување, но сложената кореографија и заразниот рефрен на „Бангаранга“ ѝ ја донесоа првата победа на крајот. Најдобриот резултат на Бугарија досега беше второто место во 2017.

Дара, чие вистинско име Дарина Николаева Јотова, е родена во Варна и на јавноста ѝ стана позната во 2015, кога се пласираше во финалето на бугарската верзија на талент шоуто „Икс-фактор“. Денес е голема музичка ѕвезда во својата земја и нејзините песни и видеа имаат над 80 милиони преслушувања и прегледи на Јутјуб.

Дара појасни дека текстот на песната се осврнува на нејзината посветеност во надминувањето на анксиозноста и АДХД, што ѝ беа дијагностицирани минатата година.

  • „Бангаранга е нешто што секој го има во себе. Тоа е моментот кога избирате да водите со љубов, а не со страв“, рече таа.

Бугарската државна телевизија веднаш потврди дека следната година Евровизија ќе се одржи во Софија. Годинашното натпреварување го обележа и бојкотот на Шпанија, Холандија, Ирска, Словенија и Исланд поради учеството на Израел.

Најнови вести од: Регион

Мосад им доставил информации на Грција и Македонија за иранската мрежа, што подготвувала обид за атентат во Грција

Израелската агенција за надворешно разузнавање Мосад им доставила информации на Грција и Македонија за мрежата поврзана со Иран, што наводно подготвувала обид за атентат во Грција, објави израелскиот портал Ynet, повикувајќи се на свои извори.

Главниот дел од истрагата за разоткривањето на иранската мрежа го воделе безбедносните служби на Македонија

30-годишен македонски државјанин, кој бил прогласен за непожелен од безбедносни причини во Грција бил уапсен на крајот на октомври со автомобил со македонски регистарски таблички се обидел да ја напушти Грција и да влезе во Турција преку копнениот граничен премин во областа Еврос

Ива Михајлова: „Јави ми се веднаш, зашто сите ќе умреме уште вечерва“(ВИДЕО)

Ова била една од пораките што јутјуберот Цанов ги добил од Михајлова само неколку минути откако тој го објавил првото видео, во кое Ива зборуваше за наводен притисок од безбедносните служби во Бугарија

To top