Македонија

Успех на „Тиквеш“ во Лондон: Златен медал за црвеното вино „Babuna 2023“ и нови меѓународни признанија

„Тиквеш“ продолжува да ја испишува македонската винска приказна на светската сцена. Компанијата освои златен медал за своето врвно вино „Babuna Red 2023“, но и низа други високи признанија, на годинешното издание на International Wine Challenge (IWC) 2026 во Лондон, еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот.

Со импресивни 95 IWC поени, „Babuna Red 2023“ се издвои меѓу највисоко оценетите вина во својата категорија, потврдувајќи го својот исклучителен квалитет, препознатлив карактер и современ вински израз. За ова вино оценката е дека претставува одлична комбинација на моќ и елеганција, како и дека станува збор за богато, но одмерено вино, со интензивни ароми на шумско овошје, надополнети со комплексни зачински ноти и суптилни зрели тонови.

Покрај ова највисоко признание, „Тиквеш“ оствари и серија значајни резултати кои ја потврдуваат конзистентноста на квалитативниот опсег на портфолиото на винарската визба. Сребрени медали освоија белото вино „Bela Voda“ од бербите 2023 и 2024, белото вино „Barovo 2024“ и црвеното вино „Bela Voda 2021“. Бронзени медали им беа доделени на „Domaine Lepovo Grand Cuvée 2023“, „Domaine Lepovo Chardonnay 2024“, „Bela Voda Red 2022“, „Barovo Sauvignon Blanc 2025“, „BarovoWhite 2025“, „Barovo Red 2021“, „Luda Mara White Cuvée2025“, „Alexandria Premium Cuvée White 2025“, „Marks & Spencer Found Kratosija 2024“ и „Smederevka 2025“, додека„Domaine Lepovo Chardonnay 2023“, „Luda Mara Red Cuvée2024“ и „Babuna White 2025“ беа издвоени како вина што заслужуваат посебно внимание.

International Wine Challenge е еден од највлијателните и најценети вински натпревари во светот, основан во 1984 година. Секоја година вина од над 50 земји се оценуваат од повеќе од 500 врвни меѓународни експерти, меѓу кои мастериза вино, врвни сомелиери, винари, купувачи, критичари и едукатори. Оценувањето се спроведува преку дегустација на „слепо“ и детална повеќестепена анализа, при што секое вино се дегустира најмалку двапати во различни денови. Конечните одлуки, пак, дополнително ги проверуваат водечките судии на натпреварот, кои ги ревидираат сите одобрени вина, со цел да се обезбеди максимална објективност и конзистентност на резултатите.

Овој ригорозен и транспарентен модел обезбедува исклучителна доверливост, поради што IWC медалите се сметаат за едни од најрелевантните во глобалната винска индустрија. Затоа, медалот од овој натпревар е силен меѓународен сигнал дека едно вино се истакнало во најконкурентни услови и ги исполнило највисоките светски стандарди.

Новите признанија од International Wine Challenge уште еднаш ја потврдуваат посветеноста на „Тиквеш“ кон создавање вина со врвен и препознатлив квалитет, кои достојно ја претставуваат македонската винска традиција на светската сцена. Со секоја нова награда, вината на „Тиквеш“ продолжуваат да го зацврстуваат своето место меѓу високо ценетите вина на меѓународниот пазар.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top