Колумни

Предупредата на Гане Тодоровски да не ја раздадеме одново Македонија, туку да ја домакедончиме!

„Требат тони грижи на појќе поколенија / за да се истријат тие петна / на срам од себеси, од себепремолчување. … /И ако така уште постоиме,  / не ќе постоиме! … / Толку се страхувам, некоја јанѕа ме јаде / да не би одново да Те раздадеме!“ – напиша Гане Тодоровски во својата монументална песна „Македонски монолог“ како негова пророчка предупреда до македонскиот народ уште во 1969 година. Уште тогаш тој кажа визионерски дека „не ќе постоиме, ако така уште постоиме, со себепремолчувања“ на сѐ што ни се случувало и што ќе ни се случува допрва. Тодоровски ни ги остава во завештание своето страхување и јанѕа дека треба и ние, денешните Македонци, силно да се страхуваме, јанѕа да нѐ јаде и нас, за да не ја раздадеме одново Македонија во име на „светлите европски перспективи“, кои ни ги нудат некои од надвор. Под услов да се откажеме овојпат трајно од своето колективно македонско „јас“, од својот идентитет, јазик, историја и култура.  Со секој свој стих, со секоја своја песна Гане Тодоровски се потврдува како еден од столбовите на македонската национална самосвест. На 22 мај 2010 година се навршија 16 години од неговото заминување од овој свет. Оваа годишнина е пригода за ново вдахновување со неговите поетски аманети до македонскиот народ, кому тој му го посвети својот живот и својата поезија, со која се извиши во блескавите врвови на македонската книжевност и култура. Овој великан на македонскиот национален идентитет, на македонската духовност, им остави на Македонците творештво и и вонвременски посланија, кои моќно извираат од него. Со ова Гане се впишува во колективната македонска меморија и како еден од поетско-духовните и национални светилници за македонската сегашност и иднина.

Пишува: Свето Тоевски

Поетски аманет „да ја дотераме татковината како милноина“

Стиховите на Гане Тодоровски  извираат од неисцрпниот вруток на македонската почва и проблеснуваат пророчки, секавично со сиот свој сјај, естетски и идеен.“  – ќе нагласи и Раде Силјан за пораките од впечатливото творештво на Гане, но и за генијалноста негова како книжевен творец.

Македонскиот монолог“ на Гане Тодоровски е негов дијалог со македонското минато, сегашност и иднина во името на македонскиот народ. Но и повик до секој од нас да поведе сам со себе свој личен „македонски монолог“ што ќе треба и што ќе мора да стори, заедно со сите други, за да кажеме „доста“ на раздавањата и продавањата на Македонија. Воспевајќи ја татковината, великиот македонски поет-родољуб во Македонскиот монолог“ му остава поетско завештание на секое македонско поколение да ги вложува сите свои усилби, „за да ја дотераме Родината како милноина“: Родино, / сета дарба што ја носам… / ќе Ти ја завештам во трајна своина / оти нам ќе ни бидат недоволни нашите години / за да Те дотераме како милноина.“

Доста беа молк и голтање „горчливи голтки“ во македонското битување!

Во 1970 година во песната „Фуснота без повод“, која е дел од стихозбирката „Горчливи голтки непремолк“, Гане Тодоровски упатува нов вонвременски повик до Македонците овојпат за заедничко „домакедончување на Македонијаза да живеат живите“, наместо нејзино размакедончување. Повик и заради освестување дека е потребен непремолк наместо молкот и голтањето „горчливи голтки“ во македонското битување: „Живите треба да живеат, мртвите ќе починуваат… / Ој, Македонијо, / колку ли уште ни треба / за да те домакедончиме!“

Гане ја смести во националната книжнина и македонското колективно паметење и својата бележита песна „Македонски јазик“, во која го опејува вдахновено и бунтовно „возбудливиот здив на татковината“ – нашиот мајчин јазик: Се откорна ти како борбен вик / на востанатиот наш бунтовник / што прв ја презре ропската мирнотија! Низ тажачки се раздипли в клет збор, / закремене низ корав непокор / ко завет свет на тие што нè родија / Ти возбудлив здив на татковината!  / и биди верен вардач на сиот народ наш, / на молитва татковинска да прилегаш … / воздишко низ која првпат сме заплакале!

Постигањата во македонистиката како долгогодишен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ го вбројуваат Тодоровски меѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови во Европа и светот. Како член на Македонската академија на науки и уметности е избран во 1997 година. Напишал 12 книги со поезија, кои оставиле длабока трага во летописот на современата македонска литература. Неговите први стихови датираат од времето на Втората светска војна. Во нив се огледа тематскиот и стилски печат на една епоха, во која се прават првите чекори кон македонската самостојност и слобода.  Академик Гане Тодоровски е истакнат преведувач на современата балканска и светска поезија на македонски јазик.   Тој беше пасиониран истражувач на македонскиот книжевно-историски 19 век. Ги толкуваше делата на нашите претходници не само како документи и сведоштва за минатото, туку и како активни вообликувачи на нашиот современ литературен израз и на македонската национална свест.

Во 1995 година Гане го напиша „Заветот“ како тестамент да биде погребан во селото Кожле, од каде што потекнуваат неговиот дедо и прадедо, и наместо посмртен говор да му биде прочитана оваа песна. Тоа е во вистинска смисла на зборот последна заветна песна за македонскиот народ, бидејќи Тодоровски Гане со својот последен македонски поетски здив ќе му остави трајно послание  на својот народ секогаш да се бори за својот опстој и  „да тече време македонско, да блика“, како што напишал во „Завет“.

(„Нова Македонија“)

Најнови вести од: Колумни

Францускиот „Манифест на македонизмот“ на Анри Барбис ја зрачи сто години вистината за самобитноста на македонскиот народ, идентитет и јазик во Европа

 „Навистина станува збор за една нација. Нација која има свој оригинален етнички карактер, свои традиции, свои стремежи, своја единствена и специфична личност.  Овој народ, на самата почва каде што се развил и опстојувал… се третира како збир на робови и злосторници.“ – има напишано големиот француски писател Анри Барбис во својата прочуена статија „Дали македонското прашање е навистина толку сложено?“ („La question macédonienne est-elle si complexe que cela?“), која е објавена во списанието „Балканска федерација“ на 1 ноември 1926 година. Во неа Барбис нагласил дека македонското население историски било вкоренето во Македонија, но му биле одземени основните национални права. Бугарите и Грците денес со фалсификати тврдат дека Македонците се „народ без историски корени“, а Барбис пред еден век јасно го кажал сосема обратното. Уште пред сто години тој зборува експлицитно за Македонците како посебна нација, а не како дел од друга балканска нација. Анри Барбис, големиот пријател на македонскиот народ, е роден на 17 мај 1873 година во Париз, а починал на 30 август 1935 година во Москва. Оваа статија е потсетување, но и чествување на неговата личност и промакедонско дело, кое одекнало силно во неговото време во срцето на интелектуална и политичка Европа и во Балканот. Но, делото на Барбис зрачи од пред еден век како своевиден француски „Манифест на македонизмот“ силно и денес во прилог на вистината за Македонија, за самобитноста на македонскиот народ, македонскиот идентитет, јазик, култура и историја.

Како некои Македонци говорат „маканглиски јазик“ и се откажуваат од духот на прадедовците и „единствената целосна татковина“!

Кога мало дете од 4 години – роден говорител на македонски јазик ќе каже „мало шипче“, наместо „мала овчичка“ (од англиски „sheep“ – овца), кога на родителите ќе им возврати со „уат?!“, наместо „што?!“, кога и зборовите за боите од англискиот јазик „грин“ („зелено“), „јелоу“ („жолто“) „ред“ („црвено“) ќе му излегуваат од устата попрво одошто соодветните македонски зборови  – примери што ги има чуено авторот на овие редови во говорната пракса во Македонија во последно време – тогаш на денешниов 5 мај, Денот на македонскиот јазик, најотворено и најискрено на себеси како македонски народ мора да си го поставиме прашањето: дали не само децата, туку и ние повозрасните започнуваме да говориме еден вид „маканглиски јазик“? А кога ќе го придодадеме кон претходните примери, кои ги има бездруго и многу повеќе, уште и фактот дека на детските родендени во Македонија многу повеќе се пее и се слуша „хепи брд ту ју, мај диар…“, одошто „среќен ти роденден, мое драго…), тогаш се отвора на овој празничен ден и второто длабоко вознемирувачко и алармантно прашање: кај ни оди нашиот мајчин македонски јазик, што се случува со него?!

Утврдувањето на македонската азбука на 3 мај 1945 – чин од немерливо значење за „бетонирањето“ на идентитетот и јазикот на македонскиот народ во светот

На денешен ден, на  3 мај 1945 година се случи еден од вајважните моменти во поновата политичко-национална и културно-јазична историја на македонскиот народ, со немерливо значење за затврдувањето на македонскиот јазик и идентитет на македонскиот народ во Балканот, во Европа и светот. Народната влада на Федеративна Македонија донесе решение за утврдување на македонската азбука која има 31 буква. Министерскиот совет на НР Македонија, по повеќемесечната работа на неколку комисии, врз основа на Резолуцијата на последната Комисија за јазик и правопис при Министерството за народна просвета, ја усвои македонската азбука, заснована врз фонетскиот принцип. Фонетскиот принцип значи дека за секој одделен глас во јазикот има буква во азбуката. На 5 мај азбуката се официјализира со Решение на Народната влада на Федерална Република Македонија. По два месеца  Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.

Трифун Хаџијанев, прекалениот деец за македонската кауза и организатор на работнички штрајкови во Воденско, стрелан од германските окупатори на 1 мај 1944

На денешен ден, на 1 мај во 1944 година е убиен прекалениот деец за македонската национална кауза и револуционер Трифун Хаџијанев од страна на германските окупаторски власти во злогласниот затвор „Хајдари“ во близина на Атина. Заедно со група од 200 македонски и грчки антифашисти Хаџијанев е стрелан во знак на одмазда за убиството на еден германски генерал од страна на грчките сили на отпорот. Има силна симболика во фактот што македонскиот патриот-антифашист  Хаџијанев бил ликвидиран случајно токму на 1 мај, на меѓународниот Ден на трудот, посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците: тој бил борец не само за националната, туку и за социјалната слобода и социјалните права на македонскиот народ во Воденско, во Егејска Македонија, денес во Грција. Во дваесеттите и 30-тите години од минатиот век Трифун Хаџи Јанев како синдикален функционер бил организатор и водач на повеќе работнички штрајкови во Воден. Денешната 82-ра годишнина од неговата смрт е соодветен повод за чествување и навраќање на животот и револуционерната дејност на овој македонски патриот и борец за слободата и идентитетот на македонскиот народ во Егејскиот дел на Македонија, денес во Грција.

Шатев: Солунските атентатори се највишата пројава на човечкиот индивидуализам, што ги крои судбината и цврстината на наредните македонски поколенија!

Под мотото „Чествување за бесмртните“ Општина Велес денеска ја одбележа 123 годишнината од Солунските атентати и саможртвата на гемиџиите за Македонија. Со серијата бомбашки напади, изведени од 28 април до 1 мај 1903 година во Солун, младите интелектуалци, повеќемината велешани, сакаа да ѝ го свртат вниманието на Европа кон Македонија, поробена од Турците. Павел Шатев, единствениот преживеан од сите нив, во своите „Спомени“ ќе запише: „Таму, во урнатините на македонската столица Солун, Гемиџиите сакаа да ги збришат и своето месо и своите имиња, оставајќи ги да живеат над нивните останки македонскиот дух за слобода и благосостојба и копнежите за светли дни… Солунските атентатори се највишата пројава на човечкиот индивидуализам, којшто ја крои судбината, но и цврстината на наредните македонски поколенија“.

„Географијата на економското, животното и политичкото незадоволство“ создава голем отпор кон проширувањето на ЕУ и е закана за нејзиното постоење!

ЕУ се обидува да го унапреди проширувањето како „геополитички императив“, мотивирана главно од желбата да ја прими Украина во своите редови по секоја цена и затоа му дава на проширувањето третман на „геополитичка неопходност“. Но ЕУ се соочува со длабок внатрешен отпор кон проширувањето, поттикнат од „географијата на незадоволство“ во постојните земји-членки. Експертите истакнуваат дека европските региони, што доживуваат долгорочен индустриски пад, висока невработеност, низок квалитет на јавните услуги и на здравството и јавниот транспорт, се главните носители на евроскептицизмот и противници на европската интеграција. Тие европски региони искажуваат негативно расположение против „далечните елити во Брисел“, но и и против приемот на нови држави во ЕУ. Според експертите, „географијата на незадоволство“ многу ги отежнува плановите за проширувањето на ЕУ со Украина, Молдавија и од Западниот Балкан, меѓу кои и Македонија. Taa „географија на економско незадоволство“ веќе се претвора и во масовна „географија на животно и политичко незадоволство“ низ целата Европска унија и европскиот континент.

Егејска Македонија меѓу „неважните места“ во Грција и чувство на „етничка исклученост“ кај Македонците од грчките економски политики

Концептот на „географијата на економско незадоволство“ на д-р Андрес Родригез-Позе, професор по економска географија во Лондонската школа за економија и политички науки, надополнет од други експерти и со „географија на политичко незадоволство“, во овие месеци од 2026 година е јасно видлив во редица региони и градови во Грција. Во оваа држава има зголемени територијални нееднаквости на регионите во нивниот економски развој. Кажано со терминологијата на Позе, во Грција тоа се „места кои не се важни“, „заборавени од далечните елити“ и упаднати во „развојна стапица“, што означува оневозможеност на развојот за односните региони.. Народски кажано, ваквите во значителна, или во голема мера „забаталени места“ се наоѓаат во северниот дел на Грција, во нејзините периферни, пригранични административно – управни региони Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија. Станува збор за градовите и селата во регионите на: Лерин (Флорина), Костур (Касторија) Воден (Едеса), Кукуш (Килкис), Сер (Серес), Пазар (Јаница), Саботско (Аридеа) и Драма (Драма). Дали е „случајно“, или не е, тоа што овие „неважни места“ се, поправо, Егејскиот дел на некогашната етногеографска Македонија, но и тоа што, во нив, покрај други, живее и македонско население во поголема, или помала мера?!

Најнови вести

To top