Колумни

(2) Петре М.Андреевски до македонскиот народ – „пирејот што не може да се уништи“: Да изградиме програма, во која Македонија ќе ни биде заедничка определба на сите нас!

Денес  не само Бугарите, туку и „цивилизираните“ Европејци од Брисел и други политички моќници од Европа  запнале по секоја цена, со ултиматуми, закани и диктати да го менуваат Уставот на Македонија, со сесрдна помош на редица нивни домашни послушници, кои се во функција на туѓи антимакедонски агенди. Делото и сите јавни истапувања на генијалниот книжевен растајнувач на македонската национална судбина Петре М.Андреевски се моќен одговор на сите тие ултиматуми, закани и диктати во името и на македонскиот народ. Денес, на 25 јуни се навршуваат 92  години од раѓањетo на овој волшебник на македонската прозна и поетска реч, едновремено и извишен национален мислител, роден во 1934 година во демирхисарското село Слоештица. Оваа годишнина е можност за навраќање кон неговото книжевно дело, кое претставува исклучителен придонес за развојот и зацврстувањето на македонскиот дух и за одбрана на македонската национална самобитност.

Пишува: Свето Тоевски

Ќе потсетиме што имал посочено Петре М. Андреевски уште во октомври 1993 година во интервју за тогашниот неделник „Пулс“ во врска со тоа што е најпотребно да се прави во такви мигови на притисоци врз Македонија: „Наместо да градиме национална програма, во која Македонија ќе биде со консензус наша определба, ние им даваме готови решенија на соседите за нивните национални програми, во кои е вклучена и нашата земја. Ние сме народ, кој е најподложен да се уништува себе си, народ кој ги претпочита туѓите вредности над своите. Сите наши соседи и денеска нѐ одрекуваат, и во исто време нѐ посакуваат. Како да не им е доволна нивната беда и како да не си се доволни самите себе. Во нас се уште некои гледаат монета за поткусурување. Србите и Бугарите со нашата историја ги пополнуваат своите празни места. Албанците бараат простор за живеење. Слободата се остварува и во тоа колку сме готови да ја браниме и од нашите слабости.“

За „Пулс“ Андреевски уште изјавил: „Грците имаат страв и срам од нас, што се претвори во параноја. Под тој притисок тие го извршија најголемиот геноцид во историјата на Европа над македонското население во Егејска Македонија. А долго време по 1913 година тој ист дел од Македонија, во нивните документи се водеше како ‘Новоосвоени територии’. Сега го бараат ексклузивното право над Македонија и нејзиното име. А Грција најмногу се прослави по нејзиниот пораз од Филип и Александар Македонски. Значи, како поразена земја. Таа сега е најголемиот противник на признавањето на Република Македонија. А Македонија има централно место во светската цивилизација: двете светски писма и еден од првите универзитети. Македонија е и библиска земја, таа е постара и од Европа.“

„Македонскиот народ е како пирејот – неуништлив“

Во 2000 година во интервју за весникот „Нова Македонија“, запрашан што би им советувал на Македонците, големиот македонски писател и патриот ќе истакне: „Да си ги вратат достоинството, храброста и вистината за себе!“

Во својот култен „Пиреј“, еден од најчитаните романи на поновата македонска книжевна епоха, кој е вистински споменик на македонската национална бит, Андреевски ја втиснува за навек во македонската книжевност и колективното национално помнење монументалната симболика и споредба на непокорливоста на македонскиот народ со неуништливоста на пирејот: „Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева. … Племето наше е пиреј и не го крши ниедна војска, ниедна болест.“ Пишувајќи во овој роман за животот на двајца сопружници, Јон и Велика, и за нивните страдања за време на војните, Андреевски ги разработува и ги изнесува на маестрален начин својата основна идеја и порака дека Македонецот опстојувал и ќе опстојува, наспроти сите премрежиња и тешкотии низ витлите на времињата и невремињата.

Книжевните зборови на Андреевски се споменици на нашата македонска кауза и сведоштва за вистината за нас, Македонците

Во својата прочуена песна и истоимена стихозбирка „Дениција“ Андреевски ја опејува својата неизмерна љубов кон Дениција, со фигуративно посочување на ѕвездата Деница. Во патриотски стил Андреевски во одредени моменти во голема мера ја поврзува љубовта кон Дениција со својата љубов кон татковината, што предизвикува дилема: дали неговата првична намера е да ја опее својата љубов кон некоја жена, или, всушност, тој за сето време ја возвеличува својата татковина Македонија? Показ за веројатноста на оваа констатација се и овие три  стиха од споменатата стихозбирка: „ Кога ја љубев Дениција, како да учествував во создавањето на првата Македонска Држава. /  Во тебе беа границите на Целокупна Македонија / И јас дури те љубев ја љубев сета татковина.“

Петре М. Андреевски e еден од најдаровитите и најпопуларните македонски поети, романописци, раскажувачи и драмски автори. Во 1983 година бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија.  Во мај 2000 година бил избран како  редовен член на Македонската академија на наукии уметности. Почина на 25 септември 2006 година во Скопје. Во 2007 година посмртно е одликуван со Орденот за заслуги за Македонија. Неговото книжевно творештво на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност. Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски и т.н. Во 1984 и 2002 година биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома. Тој ги напишал романите: „Пиреј“ (1980), „Скакулци“ (1983), „Небеска Тимјановна“ (1988), „Последните селани“ (1997), „Тунел“ (2003) и „Бежанци (посмртно). Во делото на Андреевски се наредуваат стихозбирките: „Јазли“ (1960), „И на небо и на земја“ (1962), „Дениција“ (1968), „Дални наковални“ (1971), „Пофалби и поплаки“ (1975), „Вечна куќа“ (1987) и „Лакримариј“ (1999). Потоа, збирките на раскази: „Седмиот ден“ (1964), „Неверни години“ (1974), „Сите лица на смртта“  (1994) и „Боеми“ (посмртно). Од перото на овој македонски книжевен деец излегле и стихозбирките за деца: „Шарам барам“, „Касни – порасни“ (сликовница), како и книгата со драми (1984), во која влегуваат „Време за пеење“ и „Богунемили“.

Андреевски бил добитник на наградите: „11 Октомври“ (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (двапати), „Рациново признание“ (двапати) и „Стале Попов“ (двапати). Македонската критика го прогласи романот “Пиреј“ како ремек-дело на македонската современа проза, а збирката „Дениција“ ја има означено како химна на вселенската љубов, химна на жената и татковината и како златна книга на македонскиот модернизам.

 (крај)

(„Нова Македонија“)

Најнови вести од: Колумни

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

На 29 октомври во завршната дебата на Бугарската национална телевизија пред одржувањето на вториот круг на претседателските избори во Бугарија на 1 ноември 2026 година Андреј Ѓуров и Илијана Јотова, двата кандидата за претседател на Бугарија, го повторуваат барањето да се внесат Бугарите во уставот на Македонија. Едновремено тие бараат и „целосна примена“ на злогласниот „француски предлог“ и „Вториот протокол“, со кои во најдиректна смисла официјална Софија бара Македонија „да признае и да прифати“ дека „македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени“. Јотова уште сево ова го нарекува „европска политика. И Ѓуров и Јотова се во жесток судир со реалноста и со историјата. На 30 октомври 1890 година Македонците од Охрид испраќаат официјална молба до Високата порта во Цариград. Во оваа молба, македонските првенци експлицитно бараат дозвола за основање македонски училишта во Охрид и околината, во кои наставата ќе се изведува на македонски јазик. Ова е еден од најважните документирани јавни прогласи од XIX век каде што јасно се дефинира засебноста и автентичноста на македонскиот јазик, независно од пропагандите на соседните држави.

Димитрија Чуповски, народниот трибун и градител на македонската национална самосвест – 86 години од смртта (2)

На 29 октомври 1940 година во Ленинград, во Русија засекогаш ги затвори своите будни и неуморни очи Димитрија Чуповски, најистакнатиот и најдоследен организатор и афирматор на македонската национална мисла и акција, македонскиот општественик, револуционер, политичар и дипломат, публицист и поет, истражувач на македонското минато и култура, картограф на етничка Македонија. Чуповски беше најблизок истомисленик и идеен соборец со Крсте Мисирков во раководството на Македонското научно-литературно другарство во Санкт Петербург. Денес се навршуваат 86 години од неговата смрт. Неуморниот борец за македонската кауза остави зад себе богато научно, публицистичко и национално наследство. Од тоа наследство засекогаш ќе зрачи вонвременската порака дека македонскиот народ не треба никогаш да очекува од никого од Балканот и Европа милост дека ќе се грижи за неговата судбина, туку оти самиот треба да ги земе своите работи во свои раце, самиот да ги уредува својот живот и својата татковина.

Македонското научно-литературно другарство од 1902 – моќниот гласник на македонската вистина во Европа и светот (1)

„Словеномакедонското национално-просветно друштво ‘Св. Кирил и Методија’ има цел да го помага духовното преродување и обединување на Македонските Словени и нивното слободно национално-битово самоопределување.“ – се наведува во член 1 на во Уставот на Македонското научно-литературно другарство (МНЛД), основано на денешен ден, на 28 октомври 1902 година во тогашен Санкт Петербург, во Русија. Активностите на Македонското научно-литературно другарство на Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски и другите македонски национални дејци, собрани во него, имаат огромно, немерливо значење за македонскиот народ и Македонија, бидејќи уште пред повеќе од еден век многу јасно и многу силно ги претставуваа и ги заштитуваа македонските национални и државни интереси пред агресивните балкански држави и нивните поддржувачи – големите европски сили. МНЛД им укажа на Европа и светот уште пред 122 години дека постои еден народ во Балканот со своја македонска самосвест, кој се бори за правото сам да ја кове својата судбина, без никој да господари со него. Вонвременските пораки на на ова македонско интелектуално Другарство одекнуваат со сета сила и актуелност и денес, во овие сложени геополитички и меѓународни моменти, во кои се втурнати македонскиот народ и Македонија.

Претсмртниот завет на Антон Попов до сите македонски поколенија да го чуваат македонското име и никогаш да не отстапуваат од борбата за иднината на Македонија

На денешен ден, на 20 октомври 1915 година е роден непокорниот син на Македонија и македонскиот народ писателот Антон Попов. Неизмерна е важноста на неговите дела за градењето на македонската самосвест на македонскиот народ. Како бранител негов и на македонската кауза, во своите публицистички трудови, како што е знаменитата статија „Дали постои македонска нација“ Попов дава јасен, научно и историски образложен одговор за постоењето на македонскиот народ, со кој ги побива туѓите негаторски пропаганди. Попов постоеше и живееше, сонуваше и копнееше, дишеше и умре за саканата таковина Македонија, стрелан во Софија на 23 јули 1942 година од царборисовскиот фашистички режим на Бугарија.

Бистришки, 1934 – Тоевски, 2026: Зошто сме ние, Македонците, одделен народ? (4)

Одговорот на тоа прашање е од огромно геополитичко значење за Македонија и македонскиот народ и денес, на почетокот на 21 век. Авторот на овој текст чини напор сега, во 2026 година, да даде свој аргументиран одговор на истото прашање, кое си го постави пред себе Васил Ивановски – Бистришки во 1934 година. Македонците се навистина посебен народ во Балканот и Европа: својата „Македонска приказна“ тие си ја пишуваа самите низ бурните епохи на својата национална историја. Во таа историја се вградени сите државотворни стремежи на македонскиот народ, на кого никој никогаш ништо не му подарил, ниту држава, ниту фалсификувана историја како на „добрите соседи“. Напротив; толку многу му одзеле, но тој стои простум и натаму наспроти бурите на (не)времињата. Македонците со својот јазик и писменост, со својата духовност и култура, со својот идентитет и историја се длабоко во темелите на европската цивилизација.

Огромното значење на „Македонскиот манифест“ на Бистришки за посебноста на македонскиот народ сега кога се прогласува дека е бугарски и воздухот, што го дише! (3)

Статијата на Васил Ивановски – Бистришки со наслов „Зошто сме ние, Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година, е еден од најзначајните и најтемелните историски документи во 20 век за афирмација на македонскиот национален идентитет и за правилното и целосно решавање на македонското прашање во Балканот. Македонски историчари аргументираат дека е таа текст од клучно значење за македонскиот народ, исто како и „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.

За Бугарите Васил Бистришки „талкал околу македонското прашање“, иако јасно се борел против бугаризацијата на Македонија и Македонците! (2)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика, ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

Васил Ивановски-Бистришки им одржа на Бугарите и Грците „лекција“ за постоењето на Македонците десет години пред „Тито да ги измисли“! (1)

„Бугарскиот, српскиот и грчкиот империјализам го одрекуваат постоењето на македонската нација. За да покажеме дека немаат никакво право над Македонија и да ја попречиме нивната асимилаторска политика,  ние, Македонците треба високо да изјавиме дека не сме Срби, Грци, ниту Бугари, туку одделна македонска нација со свој јазик, национален карактер и историја.“ – истакнал Васил Ивановски-Бистришки (18.10.1906-1991) во неговата бележита статија „Зошто сме, ние Македонците, одделна нација?“, објавена во 1934 година. Оваа статија е едно од најтемелните докажувања на македонската национална посебност и идентитет, напишана од Македонец на почетокот на 20 век. Сто и дваесеттата година од раѓањето на овој значаен деец за етноидентитетската, јазична и историска засебност на македонскиот народ е пригода за должно навраќање кон неговото дело.

To top