Македонија

На денешен ден: 30 мај 1913 со поделбата на Македонија заврши Првата балканска војна

Сојузничките сили на Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора ја завршија Првата балканска војна со победа над Османлиското Царство, при што ја извршија поделбата на Македонија.

Сојузничките сили на Бугарија, Србија, Грција и Црна Гора ја завршија Првата балканска војна со победа над Османлиското Царство, при што ја извршија поделбата на Македонија.

Војната започна на 8 октомври 1912 година, а по неколкумесечни борби балканските сојузници успеаја да ги совладаат османлиските трупи и да стават крај на скоро петвековното османско владеење на Балканскиот Полуостров.

Според постигнатата поделба, српските сили ги зазедоа Косово и северозападните делови на Македонија, грчката војска го освои Епир, Југозападна Македонија со Солун и голем дел од егејските острови, додека Бугарија ја доби Источна Македонија и поголемиот дел од Тракија.

По потпишувањето на Лондонскиот мировен договор, на мапата се појави нова независна Албанска држава, но барањето на Албанците за обединување на сите територии населени со албанско население остана неисполнето. Османлиското Царство го загуби речиси целиот свој територијален имот на Балканот, задржувајќи само тесен појас долж северниот брег на Мраморното Море.

Незадоволна од постигнатата територијална поделба на Македонија, Бугарија на 29 јуни 1913 година ја нападна своите поранешни сојузници и ја започна Втората балканска војна.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top