Свет

Трамп се пофали дека Србите го сакаат

Сподели интервју на српскиот претседател кој наведува три причини зошто Србите го сакаат американскиот претседател

Интервјуто на Вучиќ Потегот за конзервативниот американски медиум „Брајтбарт њуз“.привлече внимание во Србија бидејќи во разговорот Вучиќ упати низа пофалби за Трамп и неговата политика.

Вучиќ изјави дека Трамп е веројатно најпопуларниот американски политички лидер во Србија во последните години. Според него, пред американските избори во 2024 година дури три четвртини од српските граѓани посакувале победа на Трамп.

Српскиот претседател рече дека бил изненаден кога некои европски земји биле претставувани како главни упоришта на Трамп. Според него, најголемата поддршка за американскиот претседател доаѓала токму од Србија.

Вучиќ наведе три причини за таквиот однос:

Првата ја гледа во желбата на Србите за поинакви односи со САД по децении политички несогласувања.

Втората е поврзана со ставовите на Трамп за општествените прашања.

Третата причина зошто Србите го сакаат Трамп според Вучиќ е зачувувањето на христијанските вредности и повиците на Трамп за мир во светот.

Во интервјуто, Вучиќ упати и директна покана до Трамп да ја посети Србија уверен дека  дека американскиот претседател би бил пречекан од повеќе од 100.000 луѓе и дека таква посета би претставувала ново поглавје во односите меѓу Белград и Вашингтон.

Инаку, последниот американски претседател кој официјално го посетил Белград бил Ричард Никсон, во септември 1970 година.

 

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

To top