Македонија

(Фото): Премиерот го пречека претседателот на Европскиот совет во Владата

Во фокусот на разговорите со лидерите од регионот се можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на Европската Унија, постепената интеграција, регионалната соработка, како и прашањата за безбедноста и стабилноста.

Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Владата го пречека претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој денеска престигна во Скопје во рамки на неговата регионална турнеја низ земјите од Западен Балкан. Кошта во земјава пристигна од Тирана, а на Меѓународниот аеродром „Скопје“ беше пречекан од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Според агендата, Мицкоски и Кошта ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува состанок меѓу владината делегација и делегацијата предводена од претседателот на Европскиот совет.

По завршувањето на разговорите, предвидена е заедничка прес-конференција.

Посетата на Кошта е дел од неговата турнеја низ Западен Балкан, која ја започна вчера во Сараево. Целта на посетите е остварување средби со лидерите од регионот во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан, кој ќе се одржи на 5 јуни во Тиват, Црна Гора, каде што Кошта ќе биде копретседавач. Во фокусот на разговорите со лидерите од регионот се можностите и предизвиците поврзани со процесот на проширување на Европската Унија, постепената интеграција, регионалната соработка, како и прашањата за безбедноста и стабилноста.

Во пресрет на посетата, Кошта порача дека неговата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал за посветеноста на Европската Унија кон регионот и перспективата за проширување.

  • „Импулсот е тука. Сега е време да се испорачуваат резултати“, рече Кошта.

По Скопје, Коште утре ќе ја посети Приштина, а задутре Белград. Турнејата ќе ја заврши во Црна Гора, каде што на 5 јуни ќе биде копретседавач на Самитот ЕУ – Западен Балкан, чија главна тема е „Заедничкиот просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“.

Најнови вести од: Македонија

Хоџа: Ќе има кривична и морална одговорност за загадената вода во Гостивар

Снабдувањето со вода за пиење, одржувањето на системите за водоснабдување, собирањето и третманот на отпадните води се надлежност на општините и јавните општински претпријатија, вели министерот за животна средина

АХВ: Водата од гостиварскиот водовод не смее да се користи

Граѓаните доследно да ги почитуваат препораките на здравствените институции и локалната власт во однос на користењето на водата, сè до добивањето на конечните резултати и целосно нормализирање на состојбата

Друпади Мурму ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев, ќе ја посети спомен куќата на Мајка Тереза

Со највисоки државни и воени почести, претседателката на Индија, Друпади Мурму, која вчера пристигна во земјава, денеска ќе биде пречекана од претседателката на Македон ија Гордана Сиљановска-Давкова

To top