Македонија

Европскиот парламент: Позитивна оценка за Македонија и јасна поддршка за ЕУ

Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој се однесува на периодот до ноември 2025 година, содржи повеќе важни и позитивни оценки за државата.

Нацрт-извештајот на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент за Македонија, кој се однесува на периодот до ноември 2025 година, содржи повеќе важни и позитивни оценки за државата.

Во документот се реафирмира целосната поддршка за членството на Македонија во Европската Унија, врз основа на јасен, мерлив и фер пристап, како и признание за посветеноста на државата кон европската интеграција и реформскиот процес. Особено значајно е што се нотира дека Македонија е една од земјите со најдолг кандидатски статус и дека повторените одложувања на почетокот на преговорите негативно влијаеле врз перцепцијата на граѓаните за европската перспектива.

Извештајот повикува на зачувување на предвидливоста и кредибилитетот на процесот на проширување.

Особено позитивен елемент е формулацијата дека јазичниот, културниот и националниот идентитет се темелни основи на секоја држава и не треба да бидат доведувани во прашање од трети страни.

Дополнително, се истакнува дека ваквите прашања не треба да влијаат врз процесот на пристапување во ЕУ, кој мора да се темели на објективни критериуми, мерит-системот, европските вредности и Копенхашките критериуми.

Во текстот се нагласува и дека билатералните спорови треба да се решаваат преку отворен дијалог, соработка во добра волја и во согласност со меѓународното право, а не да се инструментализираат во процесот на пристапување.

Извештајот ја поздравува стабилноста на меѓуетничките односи, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, како и напредокот во подготовката на патоказите за јавна администрација и владеење на правото како дел од отворањето на кластерот „Фундаментални вредности“. Позитивно се нотираат и умерениот напредок во реформата на јавната администрација и дигиталната трансформација, вклучително и законодавството за електронска идентификација.

Дополнително, се поздравуваат првите чекори во спроведувањето на Реформската агенда и Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан, интеграцијата на Македонија во географскиот опфат на СЕПА, како и предлогот за проширување на режимот „роаминг како дома“ кон земјите од Западен Балкан.

Во делот на регионалната соработка и надворешната политика, извештајот ја поздравува значајната улога на Македонија во регионалната стабилност, Берлинскиот процес, Заедничкиот регионален пазар и Планот за раст. Се истакнува и силното и долгогодишно усогласување со заедничката надворешна, безбедносна и одбранбена политика на ЕУ, геостратешкото значење на Македонија како членка на НАТО, како и подготвеноста за продлабочување на соработката со ЕУ преку Безбедносното и одбранбено партнерство.

Нацрт-извештајот испраќа важна политичка порака: Македонија останува јасно препознаена како европска држава, посветена на реформите, регионалната стабилност и стратешкото партнерство со ЕУ и НАТО.

Истовремено, документот ја потенцира потребата процесот на пристапување да биде предвидлив, кредибилен, фер и заснован на заслуги.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

Мицкоски: Целта е Македонија да биде земја, во која трудот се почитува, а работата обезбедува достоинствен живот

„Денеска се одржа церемонија за потпишување на Националната програма за достоинствена работа 2026–2030 година, со која се потврдува заедничката заложба за унапредување на работничките права, подобрување на работните услови и создавање повеќе можности за економски напредок.“ – објави на својот фејсбук-профил претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Книжевна вечер во чест на Ѓорче Петров во Софија, за да биде зачуван во колективното помнење на македонските поколенија

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа книжевната вечер „Црнилата на себеубивањето“, посветена на ликот, делото и историското наследство на Ѓорче Петров, еден од истакнатите дејци на македонското револуционерно движење. Настанот претставуваше можност преку книжевноста да му се оддаде почит на Ѓорче Петров и да се потврди значењето на културното паметење, како и улогата на македонската литература во зачувувањето и пренесувањето на историското наследство на идните генерации. Ѓорче Петров е еден од идеолозите на македонската револуционерна борба за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Како жесток борец против великобугарскиот врховизам и поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти.

To top