Македонија

Џуровски го реставрира ликот на Александар Македонски за неговиот роденден

Ликот на великанот на бојното поле реставриран од авторот на идејното решение за банкнотите од 200 и 2.000 денари

Македонскиот графички дизајнер и типограф Ласко Џуровски на роденденот на Александар Македонски со предлог за поштенска марка во чест на најголемиот војсководец во историјата.

На неа е реставрираниот лик од Џуровски на великанот роден во 356 година п.н.е. во Постол (на грчки Пела) во Егејска Македонија, кој од 336 до 323 година п.н.е. ја проширил македонската држава до Индија.

Воениот командант непоразен во битка починал на 13 јуни 323 година во Вавилон.

 

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top