Македонија

Електрични тротинети ќе смеат да управуваат само лица над 18 години

Ваквите измени произлегува од анализите кои покажале загрижувачки број на сообраќајни незгоди во кои учествувале лица што управувале со електрични тротинети

Владата предложи измени на Законот за безбедност во сообраќајот со кои се ограничува максималната брзина и се заострува казнената политика. Предлог-измените, кои се најдоа на дневен ред на денешната пленарна седница во Собранието, предвидуваат електрични тротинети да можат да управуваат само лица постари од 18 години, а максималната дозволена брзина да биде ограничена на 20 километри на час.

Дополнително, покрај предвидените парични казни, се предлага и привремено одземање на електричниот тротинет во траење од 30 дена.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и еден од предлагачите на измените, Никола Мицевски, истакна дека потребата од вакви измени произлегува од анализите кои покажале загрижувачки број на сообраќајни незгоди во кои учествувале лица што управувале со електрични тротинети.

„Ние сме свесни дека оваа мерка е строга и дека е висока. Но истата ја предлагаме со една и единствена цена, да ги заштитиме младите учесници во сообраќајот. Анализите на МВР покажуваат дека во повеќе од половината во несреќите со електричните тротинети, истите биле управувани од лица од 16 и 17 годишна возраст“, истакна Мицевски.

Тој додаде дека во изминатите две и пол години во сообраќајни незгоди учествувале околу 2.000 лица, при што 46 лица го загубиле животот, а 556 се здобиле со тешки телесни повреди.

Истовремено, се заострува казнената политика за сторители на прекршоци, предвидени со законот при што во конкретни случаи, покрај изречената глоба, се предвидува и привремено одземање на возилото, за возење на малолетен возач, пречекорување на дозволената брзина, превезување на друго лице или возење под дејство на алкохол, во времетраење од 30 дена.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top