Македонија

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи

Европските институции ја потврдуваат посветеноста на Македонија во спроведувањето на реформскиот процес, што резултираше со најзначајна финансиска поддршка од Планот за раст

СДС се однесува во јавноста како да е единствен застапник на европската перспектива на Македонија, вели Иванка Василевска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека постојано зборуваат за европски вредности и стандарди, кога е потребно тие да се преточат во конкретни чекори, отсуствува нивната поддршка.

Наместо да придонесат кон усвојување на законските решенија што се дел од реформската агенда и европскиот напредок, СДС избира политички блокади и активности со кои ја нарушува сликата за сопствената држава пред меѓународната јавност.

Лицемерно е што СДС седум години имаше можност да ги спроведе клучните реформи, за денес да се однесува како тие обврски да започнале вчера.

Нивното однесување во Собранието јасно ја покажува разликата меѓу реториката која доаѓа од нивните прес-конференции и реалноста. Не ги гласаат реформските закони, бегаат од работните групи, а сега и се обидуваат да го забават реформскиот процес.

Но, за разлика од нивната политика на опструкции, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ испорачува конкретни резултати. Ги реализираме реформите преку конкретни законски решенија и исполнување на обврските.

Само во текот на 2024 година беше направен значаен исчекор во спроведувањето на Реформската агенда со донесувањето на седум клучни закони кои се дел од процесот на усогласување со европските стандарди и исполнување на обврските од Планот за раст на Европската Унија.

Со овие законски решенија државата направи конкретен напредок во зајакнувањето на институциите, подобрувањето на економското управување и модернизацијата на образовниот систем.

Во текот на 2025 година реформската динамика продолжи со уште посилно темпо. Беа донесени повеќе закони во областите енергетика, јавна администрација, дигитална трансформација, правда и транспорт, со што продолжува модернизацијата на институциите и подобрувањето на јавните услуги.

Европските институции ја потврдуваат посветеноста на Македонија во спроведувањето на реформскиот процес, што резултираше со најзначајна финансиска поддршка од Планот за раст, споредено со сите други земји од регионот.

Тоа е најдобриот одговор на сите обиди за потценување на сработеното.

Но сепак, пратениците на СДС не го поддржаа Законот за енергетика, Законот за Судски совет, Законот за административните службеници, ниту еден закон од областа на образованието, не го гласаа ниту Законот за електронски комуникации, како ни пакетот закони за дигитализација. Не гласаа ништо. Како тогаш зборуваат за европски напредок, а не ги гласаат законите што ќе го овозможат токму тој европски напредок?

Додека европските институции го препознаваат напредокот и реформската динамика на Македонија, СДС останува заробен во политички опструкции. Наместо да ги стави државните интереси пред партиските, одбива да ги поддржи решенијата што носат конкретен напредок за граѓаните и европската интеграција.

Нема да дозволиме партиските интереси и политичките пресметки на СДС да го забават реформскиот процес. Владата останува посветена на исполнувањето на реформската агенда, а сите потребни законски решенија ќе бидат усвоени во утврдените рокови.

Продолжуваме со одговорна и посветена работа во интерес на граѓаните и европската перспектива на државата. Очекуваме опозицијата да покаже конструктивност, да ги надмине дневнополитичките калкулации и да го стави државниот интерес пред партиските цели.

Македонија и оваа година ќе биде лидер во регионот според динамиката на спроведување на реформите и посветеноста кон изградба на европската иднина“, додава Василевска.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Командата за операции е еден од столбовите на армискиот одбранбен систем

На припадниците на Армијата им оддаде признание за нивната професионалност, посветеност и подготвеност за исполнување на задачите, изразувајќи очекување дека и натаму ќе ги надградуваат своите способности и ќе ја оправдуваат довербата на граѓаните.

Мицкоски: Потврда за заложбите на Владата во туризмот се 1 милион туристи и три милиона преноќувања заклучно со август

Заклучно со август постигнат е приоритетот на Владата во делот на туризмот за 2026 година да имаме еден милион туристи и близу три милиона ноќевања. Што значи дека предвреме ќе ја постигнеме целта којашто сами си ја зададовме на почетокот на годината, истакна премиерот, коментирајќи ги податоците на ДЗС за растот на туризмот.

Емисиите од работата на „Титан Усје“ се под граничните вредности – Ако филтрите не работат производството запира

ТИТАН УСЈЕ ги поканува сограѓаните, невладините организации, граѓанските групи и медиумите да ја посетат компанијата во кое било време и да добијат одговори на сите прашања од јавен интерес.

Денес предадено во употреба новото основно училиште „Крсте Мисирков“ во скопско Ченто со 30 училници – вложени околу 2,8 милиони евра

Новиот објект на основното училиште „Крсте Мисирков“ во населбата Ченто во општина Гази Баба денеска свечено беше пуштен во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование Весна Јаневска, градоначалникот Бобан Стефковски, како и наставници, ученици, родители и граѓани.

To top