Македонија

Будрис: Македонија е на вистинскиот пат

Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа – истакна министерот за надворешни работи на Литванија на денешната средба со шефот на македонската дипломатија Муцунски

„Од 1 јануари го преземаме претседавањето со Советот на Европската Унија, а политиката на проширување ќе биде еден од нашите врвни приоритети. Верувам во силна Европска Унија како силен геостратешки актер. За Европа да биде посилна, мора да биде поголема и да им даде можност на земјите кои предолго чекаат да станат дел од европското семејство. С.Македонија спроведува реформи и тој напредок е препознаен“ изјави министерот за надворешни работи на Литванија Кестутис Будрис, кој престојува во официјална посета на земјава на средбата со својот домакин, министерот за надворешни Тимчо Муцунски.

Продлабочување на политичките и економските носи, зајакнување на евроатлантската соработка и силна поддршка за европската интеграција на земјава беа во фокусот на денешната средба меѓу двајцата министри.

По средбата, двајцата министри оценија дека билатералните односи се одлични и со потенцијал за понатамошно продлабочување, особено во економската и трговската соработка. Беше нагласено дека отворањето на македонска амбасада во Вилнус претставува значаен чекор во унапредувањето на партнерството, а Литванија останува силен поддржувач на евроинтегративниот процес на земјава. Заеднички беше оценето и дека актуелните геополитички состојби бараат единство, засилена соработка и јасна ориентација кон европските вредности.

„Македонија е на вистинскиот пат, а Литванија ќе продолжи силно да го поддржува вашиот европски пат. Ја имате нашата целосна поддршка и помош во овој процес. Споделуваме иста стратешка визија и веруваме во силна, обединета и безбедна Европа“, истакна министерот Будрис.

„ Напредокот треба да го мериме врз основа на извештаите на Европската комисија. Од она што го читам во последниот извештај, Северна Македонија е на вистинскиот пат и затоа заслужува нашата континуирана поддршка “, порача Будрис.

Министерот Муцунски истакна дека односите со Литванија се темелат на заеднички вредности и стратешка ориентација, при што посочи дека посетата претставува нов импулс во билатералните односи и отвора нови можности за соработка, особено во политичката, економската и секторската сфера.

Тој ја нагласи и континуираната поддршка од Литванија за европскиот пат на Македонија, оценувајќи дека членството во ЕУ претставува прашање со пошироко безбедносно и геостратегиско значење.

Најнови вести од: Македонија

Забранета водата за пиење во Демир Капија

– Анализата на примерокот земен во понеделникот од страна на Институтот за јавно здравје Скопје, покажува дека водата не ги исполнува условите пропишани со правилникот за вода за пиење. Од друга страна, анализата на примерокот земен во вторникот од страна на Центарот за јавно здравје Велес, покажува дека водата ги исполнува условите согласно правилникот за вода за пиење – напишаа од претпријатието на официјалниот Фејсбук профил

Вештачката интелигенција и дигитализацијата во фокусот на 7-та Германско-македонска конференција за контролинг

На 30 септември во Скопје, домашни и меѓународни експерти ќе дискутираат за иднината
на контролингот, новите компетенции и влијанието на технологијата врз финансиското
управување

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда

Diamond Mall и годинава ќе ја продолжи традицијата за одбележување на својот роденден со голема наградна игра, за своите лојални купувачи. Главната награда на годинешната наградна игра, која се организира по повод третиот роденден на Diamond Mall, е автомобилот Geely Cityray, а богатиот награден фонд го дополнуваат и ваучери за шопинг. Извлекувањето на наградите ќе се одржи на 21 октомври, во рамки на главната роденденска прослава.

To top