Македонија

И денеска променливо облачно и нестабилно со повремен локален дожд и грмежи

Вчера најголемо количество дожд е измерено во скопско Црешево, каде наврнале дури 74 литри на квадратен метар,

 

По вчерашното невреме кое предизвика поплави во повеќе места низ земјава и денеска се очекувa нестабилно време.

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Невремето предизвика штети во повеќе градови и региони низ државата

Инаку, вчера најголемо количество дожд е измерено во скопско Црешево, каде наврнале дури 74 литри на квадратен метар, покажуваат  податоци на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

По Црешево, најмногу врнежи се регистрирани во Гази Баба со 44 литри на квадратен метар, Крива Паланка со 29 и Берово со 22 литри.

Во Зајчев Рид и Струмица се измерени по 18 литри на квадратен метар, на Попова Шапка 15, во скопската населба Карпош 13, во Претор 12, а по 11 литри во Ѓорче Петров и Демир Капија. Во Гевгелија наврнале 10 литри, во Кавадарци 9, Велес 8, Петровец 7, Тетово 5, а по 3 литри се измерени во Виница, Маврови Анови и Ѓуриште.

Од утре се очекува промена: Во петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град. Потоа следува период на стабилно и сончево време. Во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top