Македонија

Ивановски вели дека Венко Филипче не е за лидер на СДСМ (ВИДЕО)

Актуелниот лидер на социјалдемократите не може да се снајде во улогата што ја има, и тоа не од немање капацитет или незнаење, туку затоа што не сака

Поранешниот висок функционер на СДСМ, Игор Ивановски, остро проговори за состојбите во СДСМ и за лидерството на Венко Филипче во вчерашната „тема на денот“ на ТВ Сител.

Тој нагласи дека нема ништо лично против Филипче, но направи јасна разлика меѓу неговата професионална кариера и неговата улога како претседател на СДСМ.

Ивановски рече дека го знае Филипче од неговите седумнаесет години и нема ништо лично против него, но нагласи дека тој не успеал да се снајде во партиската лидерска улога.

„Да, Венко е одличен неврохирург, да не кажам најдобриот. Тоа не е мое да го судам. И тоа мислење го имам и сè уште го имам. Тој секогаш сака да помогне“, рече Ивановски.

„Јас и во изминатиот период, но и сега, еве јавно, и тоа ќе биде прв и последен пат, зборувам за него како претседател на СДСМ. И тој во таа улога не може да се снајде“.

Ивановски оцени дека СДСМ мора да направи целосен дисконтинуитет доколку сака повторно да стане конкурентна политичка сила.

„Венко Филипче како претседател треба да направи целосен дисконтинуитет на СДСМ, за партијата повторно да биде конкурентна, да има нов почеток, кадровски, програмски и концептуален“, порача Ивановски.

Тој додаде дека во изминатиот период имало добронамерни сугестии и предлози, но тие не биле реализирани.

„Добивавме ветувања дека ќе се случат некои промени и тоа траеше подолг временски период, но тоа не се реализира“, рече Ивановски.

Според него, проблемот во СДСМ е недостигот на вистински дијалог и дебата за суштинските прашања.

Игор Ивановски, кој е од од групата за реформи во СДСМ му порача на Венко Филипче да не врши притисок врз оние кои се охрабриле да отворено да говорат за состојбите во СДСМ која ја нарече слаба, ферментирана опозиција и додаде дека не стравува дека може да го искучат од партијата.

Да ме исклучат мене или Славјанка? Јас сум член на СДСМ од 1994 година и ќе останам до крајот на животот. Тоа не може да го направат луѓе или човек кои не е дел ниту асоцијација од СДСМ. Она што е пострашно е и сакам да пратам предупредување да прекинат со дискредитации, изживувањето и сериозните конструккции што ги прават спрема луѓето на таа маса и нивните семејства“, порача Ивановски.
Ивановски во средата ја модерирал средбата на членови на СДСМ од различни генерации и граѓански активисти кои немаат партиски профили, под името „Разговори за иднината во 12:05“ на која, како што беше наведно во соопштението што го објавија по настанот, било закулечено дека на прогресивната демократска јавност во земјава ѝ е потребна суштинска и објективна дебата, која мора да биде ослободена од вообичаената потреба за допадливост кон партиските лидери.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: СДСМ-ДУИ беа бандитска власт, сега се бандитска опозиција! – Знаат само за арамилак, ништо за економија!

„Опозицијата нема познавања од економија, само арамилакот и крадењето на народот им е во нивната политичка матрица!“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија, означувајќи нова пресвртница во својата транзиција кон одржлива енергија

ОКТА отвора ново поглавје во својата енергетска транзиција со пуштањето во употреба на првите два контејнери за батериско складирање на енергија, со моќност од 4 MW, како дел од планираниот проект за батериско складирање. Интегриран со фотоволтаична централа на компанијата со инсталирана моќност од 12 MW, новиот систем овозможува електричната енергија произведена од обновливи извори да се складира и да се користи во периоди кога побарувачката и пазарните услови се најоптимални.

Генералниот директор на „Алкалоид“ меѓу највлијателните во регионот

Генералниот директор и претседател на Управниот одбор на фармацевтскиот гигант АД „Алкалоид“ од Скопје се најде на 38. место на листата на најбогати луѓе во регионот, а неговото богатство белградскиот магазин „Недељник“ го процени на 651.330.000 евра

ТАВ Аеродроми: Меѓународниот Аеродром Скопје официјално ја доби наградата ASQ за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI во Истанбул

Меѓународниот Аеродром Скопје, управуван од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и членка на Групацијата АДП, официјално ја доби престижната награда за квалитет на аеродромски услуги (ASQ) за 2025 година во категоријата „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ од Меѓународниот совет на аеродроми (ACI World). Наградата беше доделена за време на Глобалниот самит за патничко искуство на ACI што се одржа во Истанбул на 2 септември 2026 година.

To top