Македонија

Мнозинство граѓани се за предложените мерки за забрана на пушење на јавни места

Јавноста во Македонија е добро запозната со предлозите на законот за заштита од употреба на тутунски и сродни производи

Истражувањето на МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет вижн од 10 до 27 јуни покажува дека јавноста во Македонија е добро запозната со предлозите на законот за заштита од употреба на тутунски и сродни производи. Одговорите на 1.200 испитаници покажаа дека повеќе од 2/3 од населението ги поддржуваат предлозите на Владата за забрана на пушење на јавни места.

На прашањето „Дали сте запознаени со предлозите на Законот за забрана за пушење на јавни места?“, повеќе од 83 отсто од испитаниците одговориле позитивно. Само 16,2 отсто од испитаниците одговориле дека не се запознати со предложените измени во овој закон.

Точно 68 отсто од испитаниците кои одговориле дека се запознати со измените во законот за забрана за пушење на јавни места одговориле дека ги поддржуваат предложените промени. Негативен став имаат 28,2 отсто од испитаниците кои одговориле дека се запознати со измените во Законот.

Измените на овој закон поминаа на прво читање во Собранието и се чека на расправите по надлежните комисии и поднесување амандмани, а потоа повторно да се најде на пленарна седница за второ читање и конечно гласање.

Во однос на продавниците за пари и брзите кредити, ставот на мнозинството граѓани е негативен, покажува ова истражување.

Истражувањето беше спроведено во периодот од 10-27 јуни на примерок од 1.200 испитаници, репрезентативен според пол, возраст, етничка припадност, регион и тип на место на живеење согласно податоците од пописот на резидентното население од 2021 година.

Истражувањето е спроведено со методот CATI – Computer assisted telephone interview, односно телефонска анкета на примерок со големина што обезбедува интервал на доверба од 95% и маргина на грешка од +-3%.

Најнови вести од: Македонија

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top