Македонската младинска ракометна репрезентација со пораз го започна настапот на Европското првенство, откако во првото коло беше поразена од Норвешка со 36:31. И покрај добриот почеток, избраниците на селекторот Игор Илиевски не успеаја да го следат ритамот на расположениот противник, кој во второто полувреме ја потврди победата.
Во воведните минути се играше израмнето, а Македонија имаше и минимална предност од 5:4. Сепак, пропуштената шанса за водство од два гола беше казнета, па Норвежаните со серија голови ја презедоа контролата и на полувремето заминаа со предност од 18:14.
Во второто полувреме скандинавската селекција брзо ја зголеми разликата на седум голови и до крајот не дозволи Македонија сериозно да се доближи.
Најефикасни во македонскиот состав беа Матески и Поповски со по шест погодоци, додека кај Норвешка се истакнаа Стреисланд со осум и Соберг со седум голови. Голема улога во победата имаше и голманот Гледич, кој запиша 12 успешни интервенции.
Македонија веќе утре ја очекува нов предизвик, кога од 13:30 часот ќе се соочи со селекцијата на Хрватска во второто коло.