Бизнис

Азески: Позитивен пресврт во дипломатијата – нашето претставништво во Брисел мора да е точка од која ќе тргнат промените

Ако членството во Унијата ни е целта кон која се движиме, нашето претставништво во центарот на ЕУ мора да биде точката од која ќе тргнат промените. Добро опремено, финансиски поддржано и подготвено за најголемите предизвици – да ја оставиме зад себе уравниловката и со пример да покажеме дека лидерството е врзано со целта и со темелните вредности, а тие, пак, со парите на граѓаните и со нивното добро.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, упати јавна пофалба за работата на македонските дипломати во Брисел, оценувајќи дека забележал позитивни промени во функционирањето на дипломатската мрежа и во пристапот кон претставувањето на државата пред европските институции. Азески во својата објава посочи дека низ долгогодишната кариера често соработувал со дипломатијата и дека за Министерството за надворешни работи отсекогаш имал неколку јасни констатации – дека станува збор за професионална институција, дека има суштинска улога во државата и дека е едно од министерствата со најдобра соработка со Стопанската комора.

Сепак, тој посочи дека во минатото забележал и одредени слабости, меѓу кои кадровските решенија, како и недоволната финансиска поддршка за дипломатско-конзуларните претставништва.

  • „Минатата недела во Брисел нешто ми се измести од просечноста и, види чудо, во позитивна насока“, напиша Азески.

Според него, средбите со македонските дипломати во Брисел оставиле позитивен впечаток.

  • „Нашите дипломати кои ме пречекаа во Брисел беа љубезни и професионални. Возниот парк е изненадувачки добар. Просториите на нашата мисија се одлични и локациски и просторно“, наведува Азески.

Тој оценува дека добрите услови и професионалниот пристап придонеле и европските партнери да покажат поголема подготвеност за соработка.

  • „Сето тоа ги мотивираше домаќините, Европската комисија и Економско-социјалниот комитет, и тие беспрекорно и професионално да се вклучат во поддршката за нас“, посочи претседателот на Стопанската комора.

Азески јавно ги издвои лицата за кои смета дека придонесуваат за позитивен пресврт во македонската дипломатија и за трансформација на Министерството за надворешни работи во Министерство за надворешни работи и за надворешна трговија.

  • „Пеце Бошески од Битола, кој од 1971 година е во оваа работа; стружанката Мбареса Истрефи-Исмаили; Ерсин Баки и, за крај, амбасадорот Зулфи Исмаили е тимот кој функционираше како едно“, напиша Азески.

Тој додаде дека во Брисел имало простор не само за професионални обврски, туку и за размена на идеи, мислења и договори за понатамошна соработка. Според Азески, доколку членството во Европската Унија останува стратешка цел на Северна Македонија, токму претставништвото во Брисел треба да биде еден од главните двигатели на промените.

  • „Нашето претставништво во центарот на ЕУ мора да биде точката од која ќе тргнат промените. Добро опремено, финансиски поддржано и подготвено за најголемите предизвици“, порача Азески.

Тој нагласи дека е потребно да се напушти просечноста и да се воспостават стандарди во кои лидерството ќе биде поврзано со јасни цели, темелни вредности и одговорно користење на средствата на граѓаните.

Најнови вести од: Бизнис

Хуманоста како традиција: „АЛКАЛОИД“ со нова донација за здравјето на најмладите

Од првиот Хуманитарен пикник до денес собрани се близу 14 милиони денари наменети за поддршка на здравствени установи, хуманитарни и граѓански организации, деца, лица со ретки болести, ранливи категории и лица од третото доба, како и за иницијативи за заштита на животната средина

Мицковски: Со завршувањето на проектот за антимон ќе ја зголемиме важноста на Македонија и економскиот стандард

Тој се повикува и на првичните извештаи за резервите, според кои, како што наведува, тие би можеле да бидат значително поголеми од збирните резерви на двете водечки земји во светот во производството на антимон

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските транспортери

Хрватска е првата земја што најде решение за македонските превозници. Од 23 септември оваа земја треба да почне да прима барања за долгорочни визи. Ова го најави Билјана Муратовска од Макам-транс. Во другите земји сè уште важи старото правило, возачите можат да бидат во Шенген најмногу 90 дена во период од 180 дена.

To top