Македонија

Потомците на Методија Андонов Ченто на средба со претседателката Сиљановска Давкова

На Илинден, празникот што ги поврзува двете најсветли страници на македонската државотворна историја

На Илинден, празникот што ги поврзува двете најсветли страници на македонската државотворна историја, имав средба со потомците и членовите на семејството на Методија Андонов-Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ – објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова на социјалните мрежи.
„Во разговорот не беше присутен само споменот за Ченто, туку и прашањето дали сме достојни продолжувачи на државотворната мисла и дело што ги остави зад себе. Свесна за гордоста со која потомците го чуваат споменот за Методија Андонов-Ченто, се прашувам: Какво наследство ќе им оставиме ние на оние што ќе дојдат по нас. Не случајно, еден од неговите потомци го носи името Методиј. Споменот за Ченто продолжува да живее низ генерациите!“ пишува претседателката.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Струмички пожарникари спасиле мајка и дете паднати во провалија кај манастирот „Св. Илија“

Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираат дека спасувачката акција започнала околу 05:15 часот, кога тим од пожарникари-спасители бил испратен на местото на настанот

Николоски од Крушево: Илинденските идеали ги продолжуваме со работа, инвестиции и развој

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, денеска од Крушево, градот-симбол на Илинден и македонската државност, упати порака по повод 2 Август – Илинден, нагласувајќи дека овој датум претставува симбол на вековната борба на македонскиот народ за слобода, самобитност и сопствена држава

To top