Македонија

Ахмети сака да се повлече – другарите од ДУИ не му давале

Вели дека неговите сопартијци и соборци сметаат дека сè уште не е време за негово повлекување и дека неговото присуство во политиката останува потребно

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), откри дека размислува за повлекување од активната политика по повеќе од две децении поминати на политичката сцена.

Во интервју за РТВ21, Ахмети зборуваше за својата иднина, но и за состојбите во партијата, при што призна дека по 25 години активна политичка кариера сè почесто размислува за пензионирање.

„Искрено, јас лично размислувам за тоа, бидејќи зад мене се 25 години политика и историја. Животот во постојани активности и со состаноци носи свое оптоварување“, изјави Ахмети.

Сепак, тој додаде дека неговите сопартијци и соборци сметаат дека сè уште не е време за негово повлекување и дека неговото присуство во политиката останува потребно.

Ахмети се осврна и на кадровските промени во ДУИ, нагласувајќи дека во раководните структури веќе има значително освежување. Според него, повеќе од 83 проценти од раководството го сочинуваат нови и млади лица.

Најнови вести од: Македонија

Вреди: Охридскиот договор не е тапија на ДУИ и сопственост на Ахмети, ниту семејно наследство на неговата клика!

Пред дваесет и пет години, Охридскиот договор ја промени политичката и правната архитектура на државата. Но историјата нè учи дека договорите, колку и да се праведни на хартија, можат да бидат изопачени во пракса. Можат да бидат релативизирани и обезвреднети кога недостигаат политичка култура и морал, истакна на денешната прес конференција Дритон Сулејмани од политичката партија ВРЕДИ.

Андоновски: Обвинителството да покрене веднаш истрага зошто Филипче и Младеновска не постапувале, иако имало 400 извештаи за загадената вода во Гостивар!

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар Мартин Андоновски, денеска од прес-конференција побара Венко Филипче и Рената Младеновска да одговорат зошто, како што наведува, со години молчеле за проблемот со загадената вода во Гостивар. „Го повикуваме Јавното обвинителство да отвори случај по допрен глас и да ги истражи документите, кои ги објавивме во јавноста.“ – нагласи Андоновски.

Средба на министерот Муцунски со вршителката на должноста амбасадор на САД Никол Варнс: Потврдени одличните односи меѓу двете земји

На средбата на министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска во Скопје со вршителката на должноста амбасадор на Соединетите Американски Држави Никол Варнс беше разговарано за реформските процеси, но и за натамошното унапредување на заемните односи, со посебна насоченост кон политичката и економската соработка.

Две градинки во Карпош ќе добијат фотонапонски електроцентрали

Советот на Општина Карпош заседаваше по 16-ти пат, во чии рамки беа разгледувани 13 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците ја поддржаа Одлуката со која се дава согласност за кофинансирање на проектот „Карпош SustainableHousing Lab“ кој влијае на намалување на CO₂ емисиите и подобрување на комфорот на живеење. Станува […]

Најнови вести

To top