Македонија

Нови случаи на западнонилска треска во земјава

Вирусот првпат оваа сезона е детектиран и кај жител од скопско Арачиново.

Dengue, zika and chikungunya fever mosquito (aedes aegypti) on human skin

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што нивниот број се искачи на 34 – велат од Центарот за јавно здравје Скопје во изјава за МРТ. Вирусот првпат оваа сезона е детектиран и кај жител од скопско Арачиново. Најмногу случаи се евидентирани во Кисела Вода и Аеродром, а речиси половината се од Драчево.

  • „Нов случај денеска имаме во Арачиново, првпат денеска е детектиран случај оттаму. Има канали, базени, застојани води и можеби тоа е причината. Има услови за размножување на комарците“, вели епидемиологот Љуљзиме Бајрами од Центарот за јавно здравје – Скопје во изјава за МРТ.

Бајрами смета дека в година треба порано да се започне со дезинсекција, но и да се направи и анализа – дали комарците се можеби отпорни на ваквите средства, за да се променат доколку е потребно.

Инаку, во земјава досега се регистрирани два смрни случаи од западнонилска треска. Починаа пациенти на 72 и 83-годишна возраст, кои покрај вирусната инфекција, имале повеќе хронични заболувања.

Центарот за јавно здравје – Скопје на 12 август прогласи епидемија на западнонилска треска во повеќе скопски општини – Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и во населбите Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино и Јурумлери.

Најнови вести од: Македонија

Претседателе Филипче, до кога ќе се правиме дека сè е во ред?

Ако и по сите порази, предупредувања и разочарувања не сме подготвени искрено да се погледнеме во очи и да признаеме дека нешто сериозно не функционира, тогаш проблемот е многу подлабок од еден изборен резултат, реагира актуелниот координатор на СДСМ за општинските организации во третата изборна единица, Ацо Велковски

„Еволуција или револуција во војувањето? Од Заливската војна до Украина…“

Настанот ќе се одржи денеска во Порта Македонија со почеток во 10:30 часот, а во фокусот ќе бидат промените во современото војување, влијанието на новите технологии врз воените операции и предизвиците со кои се соочуваат вооружените сили и системите за колективна одбрана

To top