во пресрет на 18 август Денот на формирањето на Армијата на Република Северна Македонија, владина делегација составена од министрите за одбрана, внатрешни работи и социјална политика, Владо Мисајловски, Панче Тошковски и Ѓоко Велковски, заедно со делегација на Армијата, со воени почести положи венци на партизанските гробишта во Скопје, пренесе МИА.
Венци со свежо цвеќе биле положени и на вечните почивалишта на поранешните претседатели Борис Трајковски и Киро Глигоров, како и на генералот Михаило Апостолски.
„Со воени почести положивме венци со свежо цвеќе на партизанските гробишта и на вечните почивалишта на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Глигоров и на генералот Михаило Апостолски.
Нивната жртва и нивното дело се дел од нашата историја и наша обврска е да го чуваме споменот за нив. Нека им е вечен споменот, објави министерот за одбрана“, објави министерот за одбрана Владо Мисајловски на Фејсбук .