Македонија

„Македонија е со вас“: Мицкоски од Пустец до Македонците од Мала Преспа

Нека траат македонскиот збор и песна, како и врската меѓу Македонија и Македонците од Мала Преспа, порача премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски од Пустец, кадешто е покровител на македонскиот фолклорен фестивал „Преспа“, им се обрати на Македонците во овој дел на Албанија со пораката дека Македонија е со нив.

„Мала Преспа е доказ дека границите можат да ги поделат териториите, но не можат да го избришат јазикот, културата и чувството на припадност.

Со особена чест денес сум меѓу Македонците од Мала Преспа и како покровител на фестивалот ја испраќам пораката дека Македонија е со вас.

Ќе продолжиме да ја јакнеме соработката и поддршката за македонскиот јазик, култура и традиција, затоа што нашето наследство не е само спомен од минатото, туку богатство што го градиме и за идните генерации.

Нека трае македонскиот збор, нека трае македонската песна, нека трае врската меѓу Македонија и Македонците од Мала Преспа!“, порача претседателот на македонската Влада.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top