Македонија

(Видео): За две години пензиите се зголемени за 325%, рече премиерот

Растот на пензиите за две и пол години мандат на оваа Влада е за 325% поголем од растот за седумте години власт на СДСМ и ДУИ. Со бројки и факти, премиерот вели дека одговара на обвинувањата на опозицијата дека граѓаните изгубиле со линеарното покачување и дека заштедите за идните пензионети биле загрозени.

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека растот на пензиите во првите две години од мандатот на актуелната Влада е значително поголем во споредба со истиот период од претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ. Според неговата пресметка, просечната старосна пензија во актуелниот владин мандат пораснала за повеќе од 6.800 денари. Тој додава дека пресметките покажуваат дека за 25 месеци, во просек секој месец пензиите биле поголеми за 296 денари. Претходно за 83 месеци власт на СДСМ и ДУИ, просекот изнесувал 91 денар. Мицкоски заклучува дека разликата е 3,25 пати повеќе пари на сметките на пензионерите споредено со достигнувањата на претходниците. Ако се споредуваат, пак, овие 25 месеци со првите 25 месеци владеење на СДСМ, разликата била уште подрастична, односно пензиите се зголемиле за 12,5 пати повеќе.

  • „Еве да ги споредуваме првите 25-26 месеци од претходната влада во периодот јуни 2017-та до јуни-јули 2019-та со овие 25-26 месеци од оваа влада, односно тогаш просечната старосна пензија за првите 25-26 месеци од претходната влада се зголемила за цели 540 денари. Во овие 25-26 месеци на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, просечната старосна пензија се зголемила за нешто повеќе од 6 илјади и 800 денари или математички прецизно тоа е повеќе од 12,5 пати. Таа е разликата“, вели Христијан Мицкоски.

Мицкоски смета дека опозицијата треба да критикува, но аргументитано. Овие изјави за пензиите, но и за другите економски параметри, за премиерот се резултат на безидејноста на опозицијата која критикувала за се и сешто, што, според него, треба да се надмине, ако сака да биде конкурентна на политичката сцена.

Според неговите податоци, во првите 25-26 месеци од претходната влада просечната старосна пензија се зголемила за 540 денари. Во истиот период од актуелната влада, според Мицкоски, просечната старосна пензија пораснала за повеќе од 6.800 денари.

  • „Математички прецизно, тоа е повеќе од 12,5 пати. Таа е разликата“, изјави премиерот.

Мицкоски порача дека Владата е подготвена да ги образложи и аргументира презентираните податоци во јавна дебата со опозицијата.

 

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top