Македонија

ЕБР одбележува 25 години од формирањето: Тактичко-показна вежба утре во Битола

Единицата за брзо распоредување

Единицата за брзо распоредување (ЕБР) при Министерството за внатрешни работи утре ќе одбележи 25 години од своето формирање. Централното одбележување на големиот јубилеј ќе започне во 18 часот пред Офицерскиот дом во Битола.

На свеченоста најавено е обраќање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и командантот на ЕБР Стојанче Николов.

Во рамки на одбележувањето, припадниците на ЕБР ќе изведат атрактивна тактичко-показна вежба, во која ќе ги демонстрираат своите професионални вештини, оперативна подготвеност и способноста за реагирање во различни ситуации.

Посетителите ќе имаат можност одблизу да ја погледнат и опремата што ја користат припадниците на Единицата за брзо распоредување.

Од МВР ги покануваат граѓаните да присуствуваат на одбележувањето и одблизу да се запознаат со работата, подготвеноста и опременоста на ЕБР, една од значајните оперативни единици на македонската полиција.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

To top