Македонија

Божиновски: Намерно подметнат пожар треба да се третира и суди како yбиство

Тоа е бавен кypшум кој еден ден ќе стигне некого, вели писателот и сценарист

Писателот и сценарист Божидар Божиновски бара (нај)остри санкции за подметнувачите на пожари, со кои одвај се бори Македонија летово.

„Намерно подметнат пожар, екоцид, треба да се третира и суди ко yбиство затоа што тоа е бавен кypшум кој еден ден ќе стигне некого. Живееме во екстремно загадени средини, а аерозагадувањето е една од поголемите причини за прерана смрт. Со уништувањето на шумите ќе ја има и почесто, за жал“, коментира Божиновски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Хориха: Македонијо, ти благодарам за љубовта и довербата! Ти стана за мене многу повеќе од само една земја!

Украинскиот ракометар Дмитро Хориха и официјално доби право да настапува за македонската машка ракометна репрезентација. Тој испрати посебна порака до земјата во која, како што вели, веќе не ја гледа само средината во која живее и игра ракомет. „Ти благодарам, Македонијо, за довербата, за љубовта и за тоа што стана многу повеќе од само една земја за мене.“, порача Хориха.

(Видео): Филипче и Герасимовски молчат, додека граѓаните алармираат за изградба во близина на главна водоводна цевка, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Жителите на улицата „Партение Зографски“ на Водно алармираат за градежни активности во непосредна близина на главната водоводна цевка и стравуваат од можни оштетувања и проблеми со водоснабдувањето. Се бара итен инспекциски надзор и одговори од Општина Центар за контролата на изградбата и безбедноста на водоводната инфраструктура.

(Фото): Кога талентот има поддршка, успесите немаат граници – Четири години заедничка приказна на „Триглав“ со Македон Димитровски

За знаењето и талентот не постојат граници, ниту пак години. Македон Димитровски, момчето чие име веќе години наназад е синоним за вонсериски математички ум и гордост на нашата земја, продолжува да реди успеси и да го потврдува својот исклучителен потенцијал на домашната и меѓународната сцена.

To top