Македонија

До 3,5 отсто зголемување на пензиите најави министерот Велковски

Точната пресметка ќе се утврди идната седмица, а ќе важи за септемвриската пензија што се исплаќа од 1 октомври

Министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски најави зголемување на пензиите од 3 до 3,5 проценти, почнувајќи од септемвриската што се исплаќа од 1 октомври.

„Се чека да заврши август и веќе следната недела ќе ги имаме параметрите и ќе излеземе со конкретни бројки, бидејќи треба да влезат во исплатата на септемвриската пензија што ќе се земе на 1 октомври“, изјави Велковски за ТВ Сител.

Тој го повтори ставот на премиерот Христијан Мицкоски за процентуално зголемување на пензиите, кои претходно со линеарното зголемување пораснаа за вкупно 7.000 денари.

„Постоеја иницијативи од поединци охрабрени од политички партии пред Уставниот суд да покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде согласно усогласувањата предвидени со закон“, објасни Велковски, потсетувајќи дека следното зголемување ќе се изврши во март наредната година.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Кина гради дури 90 дата центри во град со два милиона жители

Меѓу полињата со сончогледи и сирак во Внатрешна Монголија во Кина никнуваат огромни комплекси што ги носат имињата на Хуавеи, социјалната платформа Куаишоу и давателот на услуги за податоци VNET.

ММФ: Македонија со раст на БДП од 3,5%, инфлација од 4%

Jавните финансии, модернизација на инфраструктурата, енергетска ефикасност, образование, социјална заштита и земјоделство, ова се темите на кои македонската делегација бара можности за подобрување на состојбите на годишните средби на светска банка и Меѓународниот монетарен фонд кои оваа година се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

Нацрт-ДУП-от за Барутана на Водно нема да се најде пред Советот на Општина Центар, но до кога?!

Донесувањето на нацрт деталниот урбанистички план „Барутана“ е законска обврска на Општината, нагласи градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и не сакаше попрецизно да објасни за, како што кажа, изречените невистини во врска со овој план.

Групацијата 4iG ги поврзува телекомуникациите и вселенските технологии за нов бран иновации на Западен Балкан

Групацијата 4iG има за цел да стане првата компанија на Западен Балкан која ќе овозможи директно сателитско поврзување со мобилните уреди. Ова го истакна Пал Заранди, претседател на Одборот на директори на „Оне Македонија“ и директор на стратегии во Групацијата 4iG, за време на осмиот Дигитален самит за Западен Балкан, одржан во Херцег Нови. Договорот […]

To top