Четири малолетни лица, од кои две од Скопје и по едно од кочанско и од Виница, се дел од 17 возачи лишени од слобода во последното деноноќие за „безобѕирно управување возило“, во случајов за возење без положен возачки испит.
„Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 17 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од КЗ. Од нив, 12 управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.И. (31) од тетовско, 17- годишник и 16- годишник од Скопје, С.Ј. (35) од Виница, Д.Г. (29) од Скопје, Б.Ј. (33) од скопско, Б.И. (19) од скопско, К.Ј. (24) од Скопје, 17-годишник од кочанско, M.Ш. (44) од Скопје, М.М. (21) од Тетово и 16-годишна малолетничка од Виница.
Исто така лишени се од слобода и Б.Б. (50) од струшко, Р.Д. (51) од Прилеп, Р.Ј. (56) од тетовско и А.Н. (39) од Прилеп, бидејќи возеле под дејство на алкохол. Од слобода е лишен и П.Р. (27) од Гостивар, затоа што управувал возило во спротивен правец на еднонасочна улица.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, соопшти Министерството за внатрешни работи.