Бизнис

(Фото): Oсум квартали по ред економијата расте со најмалку 3%, а најновиот раст е 4,3%, рече Стојаноски

Oсум квартали по ред економијата расте со најмалку 3%, а најновиот раст е 4,3%, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

Oсум квартали по ред економијата расте со најмалку 3%, а најновиот раст е 4,3%, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски.

  • ЈАСНО ДА ЈА ВООЧИМЕ РАЗЛИКАТА ВО ЕКОНОМСКИОТ РАСТ.

За владата на СДСМ/ДУИ го земаме периодот Q2 2017 – Q2 2024, вкупно 29 квартали.

За ВМРО – ДПМНЕ го земаме периодот Q3 2024 – Q2 2026, вкупно 8 целосни квартали.

Мериме реален годишен раст на БДП во однос на истиот квартал претходната година.

-Во 29-те квартали од Q2 2017 до Q2 2024 просечното темпо на реален економски раст е околу 1,9%.

-Во првите 8 целосни квартали на актуелната власт предводена од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата е околу 3,5%.

Разликата е над 1,9 процентни поени на страна на сегашната влада или над 90% повисоко просечно темно на раст!

И за никој да не каже дека споредбата ја искривува времето на ковид, ако целосно ги извадиме 2020 и 2021 година, претходниот просек е околу 2,5%.

Односно ако од пресметката ги извадиме целосно 2020 и 2021 година, просекот на раст е 2,5% наспроти 3,5 проценти на сегашната влада.

Значи и без ковид сегашното темпо на раст е околу 40% повисоко.

А разликата не е само во просекот — туку и во стабилноста.

Според кварталните соопштенија на ДЗС, осум квартали по ред економијата расте со најмалку 3%, а најновиот раст е 4,3%.

Бројките директно покажуваат каква е разликата, пишува Стојаноски во0 својата објава.

Најнови вести од: Бизнис

Овозможени уплати за комуналии и отплата на кредити – реализирани 750 исплати во „АЛТА банка“ во Битола, Струмица и Тетово

Народната банка потсетува дека од оваа недела е зголемен и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Вицепремиерот Николоски: Новата инвестиција на „АСП-ПАК“ донесува развој и нови можности за Охрид

Нов производствен капацитет на компанијата „АСП-ПАК“ ДООЕЛ беше отворен во Охрид, инвестиција која, според вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, претставува значаен придонес за развојот на локалната економија и индустријата во земјава.

ЕУ повика Македонија да се усогласи со политиките за критични суровини

Македонија сè уште треба да се усогласи со Директивата за критични суровини, како и да изготви и усвои соодветна легислатива за да се интегрира во синџирот на вредности на ЕУ за критични суровини, пишува во последниот Извештај на Европската комисија посветен на земјава.

To top