Македонија

Сали: Партиите се уште преговараат за Изборниот законик

Разговорите продолжуваат, но без детали за нови средби

Измените на Изборниот законик продолжуваат да бидат предмет на преговори, изјави денеска заменик-претседателот на Владата и министер за европски прашања Беким Сали. Тој не прецизираше дали прекинатите разговори меѓу партиите од власта и опозицијата повторно се обновени преку нови средби. Според него, по смената во Министерството за правда се прават напори за усвојување на законот.

– Вие знаете дека тој закон беше едногласно прифатен од повеќе политички фактори, да кажам политички партии кои се дел од Собранието, меѓутоа во последен момент се повлекоа две, не ги поддржаа тие измени. По промената во Министерството за правда веќе има напори за усвојување на тој закон, меѓутоа тоа е во фаза на преговори сè уште – изјави Сали додека одговараше на новинарски прашања поврзани со европската интеграција и реформите.

На прашањето дали се работи и на Кривичниот законик, чиј краен рок е декември годинава и кој се бара во сите извештаи на Европската Унија, вицепремиерот одговори потврдно. Тој истакна дека новиот министер за правда е посветен и на оваа тема.

– Новиот министер е посветен и на Кривичниот законик, така што сметам дека тоа се закони кои што бараат поширок консензус и поддршка од повеќе нивоа. Министерот работи и се надевам дека ќе успее да се реализира крајната цел – подвлече Сали.

Претседателот на Собранието Африм Гаши вчера посочи дека на координацијата со координаторите на пратеничките групи, претставникот на Левица го отворил прашањето за Изборниот законик поради ставовите поврзани со можни предвремени избори. Гаши оцени дека е добро да се разговара и нагласи оти доколку постои подготвеност, работната група и координаторите можат да ги продолжат разговорите.

– Не знам дали наскоро ќе има средба меѓу пратеничките групи околу Изборниот законик. Ако има подготвеност, тие ќе најдат начин да комуницираат. Добро е да се седне и да се разговара без оглед на тоа кога ќе има парламентарни избори. Координаторите треба да се договорат дали може да продолжат со напорите и дали може да се донесе Изборниот законик – нагласи Африм Гаши.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера од ГП „Табановце“ изјави дека прво очекува заеднички став од опозицијата.

– Очекувам заеднички став на здружената опозиција СДСМ, Левица и ДУИ. Кога ќе имаат заеднички став, ние сме подготвени да разговараме и да најдеме заедничко решение – рече Мицкоски.

Од партиите вчера, пак, не можеше да се добие потврда дали разговорите околу Изборниот законик повторно се обновени.

Најнови вести од: Македонија

Стојановски: ДКСК да ја изработи анализата за законот за Скопје „Европска престолнина на културата“ и да ја достави до предлагачите

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од собраниска говорница рече дека тој и уште 24 други пратеници 45 дена од Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси чекаат антикорупциска анализа на закон за спроведување на проектот Скопје Европска престолнина на културата.

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Во рамките на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, продолжува манифестацијата „Звуците на културата во Ѓорче 2026“, која носи програма наменета за посетители од различни генерации

Владата подготвува закон да можат граѓаните самите да докупат до две години работен стаж за пензија

Граѓаните, на кои им недостигаат најмногу две години работен стаж, наскоро би можеле да добијат можност сами да си ги уплатат придонесите за да остварат право на старосна пензија, за да го исполнат законскиот минимум од 15 години. Оваа можност ја најави министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски. Според предложеното законско решение, […]

Ѓурчески за заканите кон премиерот: Ако не се реагираше брзо, можеше да продолжи и кон пратеници, судии, обвинители!

Добро е што се реагираше брзо, испратена е силна порка кон организираните криминални структури во Македонија, се спречи ова да стане нечие секојдневие, изјави безбедносиот експерт Љубомир Ѓурчески во „Колегиум“ на ТВ Алфа.  Ова лице е познат криминалец, а со тоа е несомнена и неговата поврзаност со овие структури, за коие не е непозната употребата на насилни мерки, па дури и ликвидации, цени човекот кој дел од кариерата ја поминал токму во регионот од каде доаѓа криминалецот кој на социјалните мрежи се закани со јавна егзекуција на премиерот Мицкоски и неумесни зборови кон неговото семејство, потанцира човекот со богата кариера во МВР.

Најнови вести

To top