Дали општинскиот објект е тврда градба или монтажен не утврдиле пониските судови за да можат да донесат пресуда против поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски за бесправно градење, е образложението на Врховниот суд. Со одлуката на Врховниот суд Јакимовски излегува од затвор, а предметот се враќа на повторно постапување.
Врховен суд: „Според овој суд, во конкретниот случај не е точно утврден видот на деловниот објект, па врз основа на тоа да се даде одговор дали за поставениот монтажен објект било потребно одобрение за градба кои факти се од значење за утврдување на постоењето на елементите на кривичното дело кое му се става на товар.“
Јакимовски во моментов е на прекин на издржувањето на казната, што му бил одобрен од управата на затворот поради здравствени причини. Со враќањето на предметот на повторно одлучување, надлежниот суд повторно ќе треба да постапува во случајот и да донесе нова одлука.
Во меѓувреме МВР му поднесе нова кривична пријава: