Македонија

(Видео): Вистинските патриоти се борат и победуваат, рече премиерот од Вашингтон и порача дека нема план за повлекување од разговорите со Бугарија

Премиерот Христијан Мицкоски најави можност за пренамена на капацитетите на термоелектраните во Битола, од јаглен на гас, во рамки на плановите за развој на гасната инфраструктура.

„Македонија е во многу подобра состојба од пред три години, ги исполнува своите обврски кон НАТО и цврсто стои зад стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави“, изјави премиерот Христијан Мицкоски во разговор за Атлантскиот совет во Вашингтон. Мицкоски посочи дека земјата е меѓу сојузниците во НАТО кои предничат во исполнувањето на целите за одбранбените расходи, со план тие да достигнат 3,5 проценти од БДП до 2035 година. Одговарајќи на прашање од онлајн публиката за неговите ставови околу промената на уставното име и околу продолжувањето на разговорите со Бугарија, Мицкоски рече дека земјата „не може да се изолира и мора да комуницира, вклучително и за тешките прашања“.

  • „Не сме сами во светот. За жал, во овој мултилатерален свет, а ние сме демократско општество – мораме да разговараме. Мораме да комуницираме“, рече премиерот.

Според Мицкоски, повлекувањето од преговорите би испратило погрешна порака и би значело изолација на земјата.

  • „Вистинските патриоти се борат и победуваат во битките, а не се предаваат и не се повлекуваат од нив. Тоа е менталитетот и карактерот на оваа влада: да се бори и да победува во битките“, рече премиерот, без да ја образложи тактиката со која планиеа да им пристапи на „битките“.

https://youtu.be/byuGqlHXV6E?t=3

Најнови вести од: Македонија

Спасовски да ги изнесе обвинувањата против мене надвор од Собранието и да приложи докази, рече Митева по низата обвинувања

Пратеничката Марија Митева реагира на изјавите на Оливер Спасовски од собраниската говорница, обвинувајќи го дека нејзиното име го поврзува со политички конструкции со цел да ја дискредитира.

ОМО Илинден – Пирин до Јотова: Не ни недостигаат никакви документи за регистрација, бугарските судови постојано измислуваат нови барања!

Сопретседателот на Организацијата на Македонците во Бугарија ОМО Илинден – Пирин Стојко Стојков ги отфрла тврдењата на бугарската потпретседателка Илијана Јотова дека при обидите за регистрација на здружението недостигаат документи. Тој тврди дека организацијата ги исполнува барањата, но судовите секогаш наоѓаат нови забелешки.

„Ценовното лудило“ со станбениот квадрат продолжува, но и побарувачката на станови, особено во Скопје и Охрид

Цените на недвижностите во Македонија вртоглаво растат, особено во Скопје и Охрид, ама не стивнува ниту интересот за купување станови. Високите цени на недвижнините во Македонија, особено во Скопје и во Охрид се одредени од повеќе чинители: скапи парцели за градба, ограничена понуда на атрактивни локации, инвестициско купување уште на почетокот на градбата, оптек на многу кеш, односно „црни пари“…

„Нетпрес“: Ристоска призна дека со Јосифовска од СЈО имале пристап до материјалите од незаконските прислушувања!

„Ленче Ристоска, поранешна обвинителка од корумпираното СЈО, јавно призна во своето вчерашно гостување на ТВ 24 дека со уште една своја тогашна колешка имале пристап до сефовите, каде во тој момент се чувале материјалите од незаконските прислушувања.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top