Спорт

Александар Чеферин сака четврти мандат

Претходно велеше дека нема да се кандидира

Актуелниот претседател на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), Александар Чеферин (59), денеска на состанокот на организацијата во Берлин ја објави својата кандидатура за уште еден мандат.

Чеферин ја презеде функцијата во 2016 година, откако го наследи Мишел Платини, а потоа беше реизбран во два наврати.

Иако претходно најави дека нема да се кандидира за четврти мандат, тој се предомисли. Како причина ја наведе потребата да се обезбеди стабилност во УЕФА во период кога европската асоцијација решително се спротивставува на начинот на кој Џани Инфантино ја води Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).

Изборниот конгрес на УЕФА е закажан за следната пролет.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top